Зоран Костов
Психолог / психотерапевт
Тел: 02 3133 313
E-mail: neuromedica@neuromedica.com.mk / psiholog@neuromedica.com.mk

Формата и изгледот на една сеанса зависи од проблематиките кои треба да се сработат (секој психолог си има сопствен пристап воден генерално од неговата едукација и обука во психотерапија),  често заликува на опуштен кафе муабет со пријател. Во позадината стојат комплексни анализи кои од време на време се споделуваат со клиентот за да се даде инсајт за работи кои на клиентот не му се “видливи”. Колку пајасна слика имаме за подсвесните процеси, толку полесно ги препознаваме кога ни влијаат на однесувањето, и толку поблиску сме до нивно корегирање.

Образование:
Дипломиран психолог Турска Република на Северен Кипар – Универзитет од Близок Исток 2006г.

Работно искуство:
“Mindheal”, невладина организација финансирана од Универзитет од Близок Исток, психолошки советник, едукатор и итражувач.

Работни обврски:
Психолошко советување и едукација за справување со животни кризи, aнксиозност, панични напади, адолесцентна депресија, самодоверба, фобии и фобични состојби, работа со социјални фобии и анксиозност и водење едукативни работилници на истите теми. Психолошки тестирања на личност и психодијагностика.