Неуромедика е првиот приватен медицински бренд кој постои повеќе од 31 години и работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 31 години искуство поминати низ константен раст и развој, како и стремеж да се достигне врвно здравство и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Неуромедика е чист македонски бренд, што е вистинска реткост во земјата. Константно ги зголемува и подобрува своите работни капацитети, со големо внимание и посветеност на квалитетот на медицинскиот кадар кој е и најголем ресурс, токму заради широкото искуство изразено преку нивните вештини и стручност до ентузијазмот што го внесуваат во нивната работа.

Доколку сакаш да бидеш дел од СЕМЕЈСТВОТО НА НЕУРОМЕДИКА слободно аплицирај за некоја работна позиција или пак остави ја својата кратка биографија во нашата дата база.