Проф. Д-р Џолев Глигор  
Специјалист по ортопедија
Тел: 02 3133 313
E-mail: neuromedica@neuromedica.com.mk /

Образование :

  • Медицински факултет, УКИМ, Скопје,
  • Специјализација по Ортопедија,
  • Супспецијализација:
    • Артроскопија -дијагностичко-оперативна,
    • Хирургија на колено,
    • Ендопротетика на колк и колено,
    • Спортски повреди

До едукација :

  • Ортопедска клиника Ambroase Pare`, Pariz, Francija
  • Instituto orthopedico ” Gaetano Pini “, Milano, Italija
  • Државна Ортопедско-травматолошка клиника, Мадрид, Шпанија

Работно искуство:

  • Клиника за ортопедски болести при УКИМ-Скопје  – 1972-2009 г.
  • Општа хируршка болница – Дерна, Либија  –  1978-9 г.
  • Клиничка хируршка болница – Штип, статус на консултант и оператор  –  2009- 2012 г.
  • ПЗУ Хируршка болница Меdika Istanbul i One Hospital – Тетово 2018 – 19 г.

Едукативна дејност:

Во период од 1974 до 2009 г. активно вклучен во едукативниот процес на Медицинскиот факултет при УКИМ, Скопје на Катедрата по Ортопедија како: асистент, виш научен соработник, вонреден и редовен професор во до дипломски, пост дипломски и докторски студии.

Во период од 2009 до 2012 г. предава на Медицинскиот факултет при Универзитетот ” Гоце Делчев”, Штип

Професионални и Научни достигнувања:

  • Директор на Клиника за Ортопедски болести, Скопје,
  • Раководител на одделение за коскено-зглобен трауматизам и спортски повреди на Клиника за ортопедски болести, Скопје,
  • Шеф на Катедра по Ортопедија на Медицински факултет при УКИМ, Скопје,
  • Претседател на Здравствена комисија на Одбојкарската Федерација на Македонија,
  • Член на Здравствена комисија на ФК Вардар, со меѓународна лиценца за спортски лекар,
  • Спортски лекар со меѓународна лиценца на одбојкарски клуб Вардар,
  • Претседател и член на Македонското друштво на ортопеди и трауматолози на Македонија (МАДОТ)
  • Делегат на Европската федерација на ортопеди и трауматолози (ЕFORT),
  • Делегат на Светската асоцијација на ортиопеди и трауматолози (SICOT),
  • Член на Eвропска асоцијација за спортски повреди и артроскопија (ESSKA),
  • Член на Македонско лекарско друштво (МЛД),
  • Член на Лекарска комора на РСМ

Автор и коавтор на повеќе од 150 стручни и научни трудови презентирани на стручни состаноци, симпозиуми и конгреси во земјата и странство, печатени во стручни и научни списанија во земјата и странство.