Прим. Д-р Тодор В. Ношпал
Ортопедски хирург, субспецијалист
Тел: 02 3133 313
E-mail: neuromedica@neuromedica.com.mk 

ЛИЧНИ ПОДАТОЦИ

Прим. Д-р Тодор В. Ношпал м-р сци.

Ортопедски хирург, субспецијалист

Роден 03.03.1962 г. Во Скопје, Република Македонија

ПРОФЕСИОНАЛНА БИОГРАФИЈА

ОБРАЗОВАНИЕ, ЕДУКАЦИИ И РАБОТНО ИСКУСТВО:

1968-1976 г.        Основно образование “29 Ноември, Лазо Трповски“

1976-1980 г.        Гимназија “Никола Карев“-Скопје  (првенец на генерација)

1980-1986 г.        Медицински факултет Скопје

1986-1989 г.        Волонтер на Кл. За Ортопедски болести Скопје

1989-2012 г.        Вработен на Кл. За Ортопедски болести Скопје

Раководител на коскена банка, Раководител на Амбулантно-поликлиничкио одделение 8 год., Раководител на Оперативено одделение 3 год., раководител на Отсек за тотални протези на колк, колено и ревизии на тотални протези, Раководител на Одделение за алоартропластика на колено и ревизии на ендопротези  6 год.

2012-2014 г. Приватна ортопедска пракса, Болница Свети Лазар-Скопје,

Раководител на ортопедско-трауматолошко одделение

04-07.2015 г.  Приватна ортопедска пракса, Неуромедика – Скопје,

Раководител на ортопедско одделение

07-12.2015 г.  САНТЕ ПЛУС БОЛНИЦА – Скопје,

Раководител на Одделние за ортопедија и физикална медицина

01.2016 – 12.2017  ФИЛИП ВТОРИ, Скопје

01.2018 – 12.2018  БОЛНИЦА МЕДИКА-ИСТАНБУЛ, ТЕТОВО

Раководител на Одделние за ортопедија и физикална медицина

01.2019 – 06.2020 БОЛНИЦА ЕВРОИТАЛИЈА, СКОПЈЕ

Раководител на Одделние за ортопедија и физикална медицина

06.2020 – ПРИВАТНА ПРАКСА. ОРТОПЕДИЈА НОШПАЛ, Договор за дело НЕУРОМЕДИКА

1993 г.  Специјалист Ортопедски хирург.

1994 – 2006 г.  Асистент по предметот Ортопедија при Медицинскиот факултет во Скопје.

1992 – 1994 г. Настава по постдипломски студии на Медицинскиот факултет во Скопје.

1995 и 1996 г.  Стипендист на Обединетите нации, преку Интернационалната агенција за атомска енергија, престојува во Германскиот институт за трансплантација на ткива и органи, каде работи на современите концепти за одземање и презервација на ткива и органи, со посебен осврт на коскеното и р’скавичното ткиво. Исто така во тој период работи и на проектот за испитување на Механичките особености на коскеното ткиво. Во склоп на ова испитување обавува едномесечни престои во Биомеханичата лабораторија при Универзитетсата ортопедса линика во Аахус-Данска, Патолошиот институт “Георг Шморл” во Дрезден-Германија и Герамансиот институт за одземање на тива и органи во Берлин и Лајпциг-Германија.

12.04.2001 г.       Завршени магистерски студии и одбрана на Магистерси труд со наслов: Механички особености на трабеуларната коска. (изработен во Германија, Данска и Македонија)

2005 г.  Назив: Примариус во областа на Ортопедијата

2007 г. Завршен курс за Менаџмент во здравството со 30 мастер поени од Шефилд Универзитетот во Англија

2010-2012 г. официјално доктор на А-тимот на Македонската кошаркашка репрезентација.

Референтен хирург на фирмата  “Zimmer”- USA, од областа на примарна и ревизиона замена на тотални протези на колк и колено за југоисточна Европа. (Едукатор во Ортоп. кл. Сисак, К.Ц. Загреб – Хрватска, К.Ц. Београд – Србија и низ цала Македонија)

Во процесот на воспоставување највисоки стандарди во континуираната медицинска едукација фирмата Zimmer преку Zimmer Institute program- MedEd преку своите курсеви и едукациски семинари ги задоволува потребите на хирурзите во текот на нивната професионална кариера.

Zimmer® MIS Anterior Supine Hip Procedure Instructional Course + Expert Interactions in Trabecular metal- Revision Hip/Knee Arthroplasty 15-20 Feb, 2012 Miami,Fl

Dr Todor Noshpal

Knee Masterclass “Primary & Revision” Athens, Greece from July 1 – 2, 2011

Dr Todor Noshpal & Dr Spase Antevski

Masterclass “ Hip primary & Revision” Vienna, Austria, 10-12 September, 2010

Dr Todor Noshpal & Dr Saso Nedeski

Knee revision Masterclass, Prague,8-9 September, 2010

Dr Todor Noshpal & Dr Saso Nedeski

“Advances in hip arthroplasty” London UK, June 23-25, 2010

Dr Dragan Hristov

Clinical feedback group meeting,EFFORT- Florence May 2010-primary and revision hip&knee

Dr Todor Noshpal

MC“Hip primary and revision” – 13-14 May,2010- Athens, Greece

Dr Todor Noshpal, Dr Nikola Razmovski, Dr Aleksandar Rakicevic & Dr Saso Nedevski

Knee Masterclass course “Primary & Revision advance”Budapest 07-11 October, 2009

Dr Todor Noshpal, Dr Dragan Hristov & Dr Ljubomir Bogojevski

Субспецијалист за детска ортопедија со ехосонографија, тотални ендопротези на зглобови (примарни и ревизиони), траума на локомоторен апарат, коскено банкирање

Останати полиња од интерес Артроскопија, Остеопороза.

Стручни престои и усовршување: Германија- 6 мес., Шпанија- 3 мес., Франција- 1 мес., Данска- 1 мес., САД – секоја година од 1996 по еден месец, Унгарија, Австрија, Грција, Хрватска, Србија, Швајцарија

Член на Американска академија на ортопедски хирурзи (AAOS), Европска асоцијација на ортопедски хирурзи (EFORT), Светска интернационална ортопедска организација (SICOT), Европската асоцијација за ткивно банкирање (DIZG), Македонска асоцијација на ортопедски хирурзи (MAOT), Македонско лекарсо друштво (MLD), Лекарска комора на Македонија.

Над 70 стучни и научни публикации на 30 конгреси во земјата и странство.

СТРУЧНИ ВЕШТИНИ

Сите видови на коскени и мекоткивни ортопедски хируршки и поликлинички интервенции и процедури, кај деца и возрасни, со посебен осврт на ендопротетска замена.

СТАТИСТИКА

Над 7000 ортопедски оперативни интервенции од кои 80% примарни имплантации и ревизии на ендопротези на колк и колено.