Медицински транспорт во Неуромедика
Здравствените услуги се неопходни за секој сегмент од населението. Дел од популацијата се соочува со потешкотии при доаѓање во болница на преглед, интервенција и останати здравствени услуги. Токму затоа постои медицински транспорт кој го олеснува овој процес.
Благодарение на онлајн и телефонската достапност 24 часа, 7 дена во неделата, Неуромедика нуди медицински транспорт кој ќе ви помогне да стигнете на закажаниот термин кај вашиот доктор или едноставно на преглед кој не е од итна природа.
Сигурно досега дел од вас се нашле во ситуација да не можат да најдат превоз, а такси и јавен превоз никако не се опција – во тој случај медицинскиот транспорт е решението кое е потребно.
Нашите превозни средства се опремени со соодветна современа медицинска апаратура, што дозволува транспорт на пациенти, не само во земјата, туку и надвор од неа.
Како да повикате медицински транспорт?
- Јавете се на бројот 02/313 33 13 кој е достапен 24/7
- На нашиот оператор кажете ја вашата адреса и податоци
- Чекајте да заѕвонат на врата и да ве однесат на дестинацијата