22791549_1054564764646127_666858196287516431_o

Медицински санитетски превоз

Болница Неуромедика нуди медицински санитетски превоз со најсовремени медицински возила кои се опремени со најмодерната апаратура потребна за долг медицински транспорт. Меѓу санитетските превози кои се реализирани од страна на Болница Неуромедика спаѓа и рекордниот медицински транспорт на релација од Македонија до Шведска.
Медицински тим на Болница Неуромедика постави нов рекорд на санитетски транспорт на пациент низ седум држави, од Скопје до болницата Sahlgrenska Universitetssjukhuset Molndal во близина на Гетеборг, Шведска со поминати 5 622 километри од кои 35 часа поминати со пациент од вкупно 67 часа. Медицинскиот тим на Болница Неуромедика составен од високо стручен медицински тим на високо професионално ниво го реализираа транспортот со најсовремено опремено амбулантно возило и специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти надвор од Македонија.