Резервирај термин
Виртуелна прошетка
24x7
24x7
Neuromedica
×
  • Доктори
  • ОДДЕЛИ
    • Васкуларна хирургија
    • Општа пракса
    • Лабораторија
    • Интерна Медицина
    • Кардиологија
    • Неврологија
    • Радиологија
    • Ревматологија
    • Пулмологија
    • Торакална хирургија
    • Гастроентерохепатологија
    • Урологија
    • Медицина на труд
    • Гинекологија
    • Ортопедија
    • Оториноларингологија
    • Офталмологија
    • Дерматовенерологија
    • Стоматологија
    • Физикална Медицина
    • Педијатрија
    • Психологија
    • Психијатрија
    • Орална хирургија
    • Општа и абдоменална хирургија
    • Пластична хирургија
    • Трауматологија
    • Анестезиологија
    • НЕФРОЛОГИЈА
  • ПАЦИЕНТИ
    • Онлајн закажување
    • Осигурителни компании
    • ФЗО
    • Начин на плаќање
    • Неуромедика Medical Card
  • ЗА НАС
    • Клиники
    • Услуги
    • Персонал
      • Менаџмент
      • Административен дел
      • Лабораторија
      • Медицински сестри
      • Радиолошки техничари
      • Возачи
      • Техничка служба
    • Кариера
    • Галерија
    • Видео
    • Виртуелна Прошетка
    • Награди и признанија
    • Магазин
  • ПАРТНЕРИ
    • Национални
      • Државно осигурување
      • Приватно осигурување
    • Интернационални
  • НОВОСТИ
  • КАРИЕРА
  • ПРАШАЊА
  • македонски
    • Albanian
    • English

„ЗДРАВИТЕ ИМААТ ИЛЈАДА ЖЕЛБИ, А БОЛНИТЕ САМО ЕДНА – ДА ОЗДРАВАТ“ ИНТЕРВЈУ СО ОРТОПЕДОТ ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ ЗАФИРОСКИ

„ЗДРАВИТЕ ИМААТ ИЛЈАДА ЖЕЛБИ, А БОЛНИТЕ САМО ЕДНА – ДА ОЗДРАВАТ“ ИНТЕРВЈУ СО ОРТОПЕДОТ ПРОФ. Д-Р ЃОРЃИ ЗАФИРОСКИ
октомври 7, 2020Новости

Медицината е негов најголем сон во младите години кој станува реалност кога се запишува на студии по медицина. Така, го отвора патот кон професионалниот успех, станува лекар, специјалист ортопед, со текот на годините се повеќе се надградува посетувајќи конгреси, симпозиуми низ светот, соработува со многу странски здравствени установи, се со една цел – да им помогне на неговите пациенти. За неговата стручност, професионалност, но и за него како личност – прочитајте во продолжение на интервјуто со Проф. Д-р Ѓорѓи Зафироски, специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија при Неуромедика болница.

Медицинското образование го започнувате пред 55 години на Медицинскиот факултет во Скопје. Се сеќавате ли на чувството кое го имавте тогаш?

Се сеќавам како да беше денес. Тоа чувство на радост , среќа и  загриженост за неизвесноста што ме очекува не се заборава. Успеав да ги отпочнам студиите од моите соништа-медицината. Бев свесен дека  сонот да станам лекар не се остварува преку магија, туку преку напорна работа, самопрегор, многу пот и решителност. Бев полн со ентузијазам и желба со верба дека ќе го завршам факултетот и да се вратам во родниот крај во Гостивар да им помогнам на луѓето кои сè уште многу страдаа од заразни болести, туберкулоза, маларија, дизинтерија, детска и церебрална парализа, бројните повреди кои им ја кршеа душата, а мојата верба и надеж со љубов и знаење да оживее сè , па дури и тоа што е безнадежно. Бев среќен да го работам тоа што го сакав. Професија која во тоа време беше многу барана и многу ценета. Се сеќавам на  моите почитувани професори кои ни зборуваа дека по завршувањето на студиите ќе имате многу привилегии, но и огромни обврски и одговорност бидејќи луѓето ви го поверуваат најмилото и најдрагоценото, а тоа е здравјето.  Беше тоа само една година после катастрофалниот скопски земјотрес од  1963 година. Скопје сè уште беше разрушено, немаше кај да се студира и да се обавува стручната пракса, немаше кај да се живее, сиромаштијата и болестите беа присутни на сите страни. Раните од катастрофата сè уште не беа залечени. Но сето тоа не беше пречка желбата да се студира на Медицинскиот факултет беше огромна. На студии бевме примени само 120 студенти од сите краеви на Македонија и по некој од соседните републики и од странство. Да се положи приемниот испит во огромна конкуренција од 1000 кандидати беше своевиден успех. И студиите ги започнав успешно. Сите испити од првата година ги положив во јунскиот испитен рок, за да можем преку летото да работам на полските работи за да спечалиме материјални средства за следната учебна  година. Лето во кое полека ги спремав и испитите од втората студиска година. Но несреќите никогаш не одат сами. Есента се разболе татко ми сериозно и само за неколку месеци го загуби животот. Тоа беше за мене невиден удар. Бев на работ на бездната да ги прекинам студиите. Мислам дека само аманетот на татко ми  по секоја цена да го завршам факултетот некако ме врати во колосекот да ги продолжам студиите.

Во 1968 година заминувате во Прага,Чехословачка во тоа време, на првата хируршка клиника при Карловиот универзитет ? Како се случи тоа, зошто ?

Во 1968 година по завршувањето на четвртата година на студии бевме избрани неколку студенти со добар просек од студиите- студентската пракса да ја обавиме во Прага, Чешка, на првата хируршка клиника на Карловиот универзитет кој тогаш прославуваше 550 години од неговото постоење. Нè распределија на интерните и хируршките клиники. Мене ми падна среќата да ја обавам стручната пракса на хируршката клиника под водство на професор Хејкел. Се воодушевував на неговата виртуелност при хируршките интервенции. После неколку дена му асистирав при операциите. Имаше огромно знаење од медицината и затоа хирургијата во неговите раце изгледаше совршена работа. Мојот престој во Прага беше само по година дена од прашката пролет кога во Чехословачка влегоа трупите на Варшавскиот пакт и беше ризично да се патува. Само во тој ден Чехословачка ја напуштија 70 000 граѓани, а во текот на таа година уште 300 000 граѓани се отселија од државата. Всушност тоа беше за да се спречи демократијата во земјата со укинување на слободата на говорот. Во знак на протест студентот Јан Палах се запали на Вацлавскиот плоштад во Прага. Прашката пролет остана овековечена  во музиката и литературата преку делата на Карен Крили и Милан Кундера со делото “ Неподносливата леснотија на постоењето”. Во така тешки и неизвесни услови желбата да се добијата нови сознанија беше поголема од стравот. Се вративме од Прага со многу нови сознанија и прекрасни пријателства.  Дипломирав во Септември 1969 година со одличен успех како прв студент од мојата генерација. Гостивар и моите гостиварчани ме пречекаа со отворено срце и раширени раце. Бев среќен што веднаш бев вклучен во борбата со  тешката епидемија на грипот од 1968 и 1969 година .

Во 1972 година специјализирате во областа во која денес работите – ортопедијата. Како се одлучивте токму за оваа гранка ?

Во 1972 година почнав со специјализација по ортопедија и трауматологија на Медицинскиот факултет во Скопје. Како се одлучив да специјализирам ортопедија? Во животот ништо не се случува случајно, сè се случува поради нешто или поради неминовност. Како млад човек спортував претежно фудбал, ракомет и рекреација планинарење. Во занесот на играта често се повредувавме. На повредените требаше да им се помага. Но повредите не нè спречуваа уште следниот ден повторно да играме.  Само пред неколку години ортопедијата како гранка на медицината се одвои од хирургијата и постана посебна нова хируршка дисциплина која ги проучува и лекува болестите и повредите на локомоторниот апарат- т.е. на коските, зглобовите, мускулите, тетивите и лигаментите. На ортопедската клиника во Скопје за моја среќа- ортопедијата беше една од водечките дисциплини во медицината не само во Македонија туку и во Југославија. Благодарејќи на ентузијазмот и храброста на моите професори на ортопедската клиника во Скопје се лекуваа од сите краеви на Југославија и од соседните земји , а не ретко и нашите иселеници од странство. На големо се работеа вештачките зглобови пред сè на колковите. Беа потребни млади лекари кои ќе помагаат во работата. Се вршеше детекција, превенција и лекување на вродените заболувања на локомоторниот апарат, воспалителните заболувања на коските и зглобовите, туберкулозата, детската и церебралната парализа, мускулоскелетните тумори и бројните повреди.

Се пријавив на конкурсот на клиниката за ортопедски болести и бев примен на почетокот на 1972 година. Но и тогаш како и сега се случи епидемија од Вариола вера-големи сипаници- смртоносна болест со голема контагиозност. Имаше наредба дека никој не може да го напушти работното место во здравството. Вакциниравме во скопските општини. Мојот прием беше одложен за неколку месеци. После стивнувањето на епидемијата ја отпочнав специјализацијата по ортопедија. Но идејата за да специјализирам ортопедија и трауматологија датира од детството. Прочуениот чичко Јованче- пекар од Гостивар истовремено беше и местач на скршени коски- надрилекар. Со татко ми често го посетувавме бидејки од неговата пекара основното училиште во родниот крај Долна Бањица  кај што работеше таткоми се снабдуваше со леб, кифли и гевреци за доручек на учениците. Лично гледав како со голема вештина ги мести скршените коски и ги ослободува од силни болки повредените. Ми се чинеше симпатично, привлечно и  корисно бидејки и од гостиварската болница повредените ги упатуваа кај него. Длабоко во мене тлееше желбата да го научам овој племенит занает. Но понекогаш се случуваа и компликации и повредените остануваа трајни инвалиди. Тоа време велеа таква му била судбината всушност небиднина.

Но има уште една случка која ја подгреваше мојата желба да станам ортопед. По завршувањето на медицинскиот факултет станав лекар на фудбалскиот клуб “Маврово” од Гостивар. кој во почетокот на седумдесетите години од минатиот век стана аматерски фудбалски првак на Југославија. Од тогаш се посветив и на спортските повреди. Така ортопедијата ми постана професија од соништата. Со приемот на клиниката за ортопедски болести сонот полека стануваше реалност. Еден од моите професори по ортопедија Проф. Димко Кепески по приемот често ми велеше:  колега Зафироски каква симболика вие сте првиот студент кој го полагал предметот ортопедија. Тоа било така бидејки претходните генерации на медицинскиот факултет не слушале и не полагале засебен предмет ортопедија.

Вашата кариера се збогатува и со титулата професор. Дали тоа дојде природно, почувствувавте ли потреба своето знаење да го пренесете на студентите, идните доктори и Ваши колеги?

Во 1984 година докторирав на медицинскиот факултет во Белград на тема” Проценка на вредноста на моделот на малигните коскени тумори” под менторство на Проф. Др. Петар Буждон. Одбраната на тезата беше маестрална како што рече еден од членовите на Комисијата Академик Проф. Др. Живоин Бумбаширевик. Со тоа се стекнав со можност да конкурирам за професор по ортопедија и трауматологија на медицинскиот факултет во Скопје и да го пренесам моето дотогашно богато искуство од областа на ортопедијата и трауматологијата на студентите- идни колеги –доктори. Велат добар професор е тој што неговите студенти ќе го надмимнат во знаењето и вештините. Но успешната приказна како станав професор не е така едноставна. Најпрвин требаше да бидам лекар на клиниката за ортопедија, следува специјализација по ортопедија која ја завршив 1976 година. Потоа постанав асистент по предметот ортопедија и им држев вежби на студентите. Следи Магистратура по медицински науки под менторство на  Академик проф. Др Љупчо Серафимов на тема” Компаративна проценка на клиничките, радиографските и патоморфолошките карактеристики на остеосаркомите  “ Магистрирав со одлична оценка 10 во 1980 година што преставуваше виза да продолжам на докторските студии во Белград.

1985 година конкурирав и бев избран за Доцент по ортопедија, а 1989 година постанав вонреден професор по ортопедија. 1993 година постанав редовен професор по ортопедија. Од 1985 година држев предавања  на студентите по медицина, но и на високите школи за медицински сестри и физиотерапевти се до 2010 година. 1990 година бев поканет предавач на Семелвајс универзитетот во Будимпешта. Од  2014 година  до 2018 година предавав ортопедија и трауматологија на Универзитетот “ Гоце Делчев “  од Штип.

Вашето богато професионално искуство „зборува“ многу гласно-раскажете ни за тоа, како беше да се работи во светот?

За време на мојата професионална кариера посетив и работев во многу универзитетски центри во светот. Признавам на почетокот беше тешко се чувствував вкочането од новата средина и новите услови на работа. Всушност не беше лесно но желбата за нови знаења, вербата во себе и љубовта кон медицината со цел да им се помогне на луѓето кои страдаат ми даваше чудесна сила брзо да се прилагодам и да се променам во новите услови за да се вратам во Македонија и да ги применам новините кои сум ги научил. Брзиот развиток на науката и технологијата овозможуваше многу нови сознанија. Веднаш да ви кажам дека работев во Белград, Загреб, Љубљана, Виена, Будимпешта, Париз, Лондон, Кент, Њу Јорк, Њу Орлеанс, Сан Диего, Сан Франциско, Истанбул, Софија,Токио, Кјото, Копенхаген, Стокхолм, Хелсинки и многу други  места. Навистина не е лесно да се стигне до сите овие дестинации по нови сознанија, а да се презентира нашиот степен на наука во Македонија. Да се разменат мислења, да се донесат новините во нашите услови, да се стекнат нови пријателства навистина претставува одговорна работа. Брзо станував дел од новите средини како да сум работел таму со години, асистирав, оперирав, пишував научни трудови и имав понуди да останам во многу земји од светот. Но јас секогаш се враќав за да се оддолжам на својата татковина, да помагам на луѓето во својата земја- Македонија.

Од 2016 година сте дел од тимот лекари на болницата Неуромедика. Како изгледа еден работен ден?

Да, точно така. Но јас соработувам со тимот на Неуромедика многу одамна од самите почетоци. А зошто сум соработувал : Поради тоа што тука наидов на големи професионалци од сите области на медицината. Дијагнозата се поставува за еден ден т.е. истиот ден конзилиумот се состанува и дискутира за сите аспекти на болеста. Тоа е многу значајно за болните и за нас лекарите за да не се изгуби драгоцено време до поставување на дијагнозата и отпочнување на адекватно лекување. Во Неуромедика ги имаме сите можности за дијагностика и за сите возрасти на пациентите. Почнувајки од прегледите преку лабораториските испитувања, радиографските снимања, компјутерска томографија, магнетна резонанца, ултрасонографија, ЕМГ,ЕЕГ, декса скен на скелет за одредување на степенот на густината на коските и степенот на остеопопороза т.е. слаби коски. Сето ова може да се заврши за еден ден. А како изгледа тој ден?

Изгледа релаксирано. Пациентите се закажуваат и секој пациент  има свое време. Доколку има некој итен случај и тој се згрижува. Му се укажува прва помош и се прават сите потребни испитувања и лекување. Откако се отвори и Болницата Неуромедика болните може да се хоспитализираат и да се лекуваат. Исто така се изведуваат и најсложени оперативни интервенции. Кај нас доаѓаат  и најтешките болни од сите краеви на Македонија , но и од Србија, Косово, Црна Гора, Албанија и од другите соседни земји како и нашинци кои живеат по целиот свет. Бидејки сме во центарот на градот често сме повикувани за итните случаи да ги прегледаме и истовремено да ги лекуваме. Тимот на лекари и медицински персонал брзо е на лице место и денот се продолжува до завршување на обврските. Случаите за оперативни интервенции доколку не се итни ги закажуваме во релаксирано време потполно посветени на успешноста на истите.  Никогаш не знаеме што носи денот или ноќта. Но битно е после тоа да бидеме задоволни дека сме направиле се што било потребно за добро на нашите пациенти.

Кој е најголемиот професионален предизвик со кој сте се соочиле и сте го надминале во изминатите четири години?

Секој случај во медицината е посебна приказна. Здравите луѓе имаат илјада желби, а болните само една да оздрават. И најлесниот случај може да има сериозни компликации доколку не се сфати професионално. Затоа нема лесни случаи во медицината. Во медицината има успешни и неуспешни дијагнози и лекувања. Ќе ви раскажам само за неколку случаи. Едногодишно близначе од Република Албанија испратено до мене за консултација како малигни тумор на бутната коска. Благодарејќи на нашите можности за дијагностика и патохистолошка дијагностика во Хистолаб, се постави индикација за оперативно лекување и дијагноза за туберкулоза на коската. Детето беше успешно оперирано во нашата болница и само после месец дена дојде на свои нозе повторно проодено. Редовно доаѓа на контроли и болеста е излекувана. Друг случај од Албанија. Студентка со тумор на десната рака испратена како сомнителен малигни тумор. Оперирана успешно  во нашата болница и сега неколку години после тоа нема никакви потешкотии. Доаѓаат и тешко повредени пациенти кои ги третираме  успешно конзервативно или оперативно . Има уште многу вакви приказни и предизвици.  Радоста е голема кога можете комплетно да им помогнете на болните и повредените, а тоа е овозможено со работата на болницата. Мислам дека најголемиот професионален предизвик е на болните и повредените во болнички услови да им го овозможиме тоа што го очекуваат од нас, а тоа е повторно да бидат здрави. За да овозможиме се да функционира перфектно зависи од секој вработен во Неуромедика, а најповеќе од менаџерскиот тим за што сме им премногу благодарни.

Што треба да знаат луѓето, како би си помогнале себеси во одржување на добрата состојба на коските?

Ако ги одржиме здрави коските ќе имаме добро здравје.А што треба коските да бидат здрави ? На коските треба да се мисли од самиот зачеток на животот. Потоа во детството потребно е спортување и здрава исхрана богата со калциум и Д3 витамин. Коските целиот живот се градат и се разградуваат. Својот пик на најголема густина и јачина се создава помеѓу 25-35 година од животот. После тоа поголемо е разградувањето од градењето на коските. Во текот и на активниот живот, како и во третото доба од животот потребна е здрава вода, здрава исхрана и активност. На коските за да бидат здрави потребно им е пешачење, планинарење, трчање, скокање, играње, спортување, танцување, музика и љубов. Со намалување на хормонската активност после педесеттата година од животот коските забрзано се разградуваат и слабеат во просек годишно по 5% и кај мажите и кај жените. Разликата е во тоа што кај жените разградувањето поинтензивно почнува после 50 г. од животот , а кај мажите после 60 г. од животот.

Што треба да се прави како превенција да не дојде до изразена и тешка остеопороза кога коските се кршат и од мали несоодветни повреди. Потребно е да се постави точна дијагноза дека има одреден степен на остеопенија или остеопороза со мерење на густината на коските со коскена дензитометрија-  декса скен на коските кој точно покажува колкав е степенот на ослабеност на коските и како треба да се лекува.

Во секој случај еднаш годишно потребно е да се направи декса скен на коските кое скоро и да нема зрачење и не е штетно, а дава битни информации за здравјето на коските.

Превентивно во третата доба потребно е здрава исхрана, сирова храна еднаш неделно, здрава алкална вода и физичка активност, како и сончање, но не смееме да заборавиме и на суплементи од калциум и вит. Д3. Од исхраната потребно е млечна исхрана со малку маснотии, обрано млеко и млечни производи, јогурт, урда, сирење, кашкавал, маслинки, риба, јајца, зеленчук и овошје.

Повторувам треба да се одреди нивото на калциум ,фосфор,алкална фосфатаза и Д3 витамин во крвта со  редовни превентивни декса скен – контроли. На тој начин нема да дозволиме да дојде до остеопороза и појава на скршеници на рацете, колковите и ‘рбетниот столб каде се потребни често  и оперативни интервенции кои се животозагрозувачки и многу скапи.

Затоа превентивните прегледи на коскениот систем во Неуромедика се неопходни , за еден ден се одредува статусот на коските и се превземаат адекватни мерки. На тој начин во текот на целиот живот коските ќе бидат здрави  и способни да ги извршуваат своите многубројни функции како потпора на телото, движење, заштитната улога, коските се резервоар на минерали пред се на калциум и фосфор без кои нема контракции на неуромускулните споеви, резервоар на масти од масната коскена срцевина и создавање на многу важните крвни елементи од црвената коскена срцевина.

 

*Интервјуто и фотографиите се авторски, направени за потребите на болницата Неуромедика. Секое неовластено преземање е казниво со закон. Доколку делумно се преземат содржините, задолжително да се наведе изворот со линк од каде е преземен текстот

 

 

 

 

 

Search

Последни новости

  • Амбулантни возила во болницата Неуромедика Ное 11
  • Нова дејност во Клиниката Неуромедика! Ное 6
  • Како да ги препознаете раните знаци на карцином на бубрег и како да се заштите Јул 17
  • „Неуромедика” го одбележа својот 32-годишен јубилеј Јун 27
  • ДЕГЕНЕРАТИВНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ЗГЛОБОВИТЕ – Проф. Д-р Миодраг Врчаковски Јун 11

Архива

  • ноември 2024 (2)
  • јули 2024 (1)
  • јуни 2024 (2)
  • мај 2024 (1)
  • април 2024 (1)
  • август 2023 (1)
  • март 2023 (1)
  • февруари 2023 (1)
  • јануари 2023 (3)
  • декември 2022 (5)
  • ноември 2022 (1)
  • јуни 2022 (3)
  • мај 2022 (1)
  • декември 2021 (8)
  • ноември 2021 (12)
  • август 2021 (4)
  • јули 2021 (6)
  • јуни 2021 (1)
  • мај 2021 (3)
  • април 2021 (4)
  • март 2021 (3)
  • февруари 2021 (7)
  • јануари 2021 (6)
  • декември 2020 (5)
  • ноември 2020 (7)
  • октомври 2020 (11)
  • јули 2020 (1)
  • мај 2020 (1)
  • март 2020 (3)
  • февруари 2020 (5)
  • јануари 2020 (1)
  • декември 2019 (5)
  • ноември 2019 (6)
  • октомври 2019 (8)

Neuromedica е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој работи во областа на модерната и напредната здравствена заштита веќе 32 години.

neuromedica@neuromedica.com.mk

Ул. Јордан Мијалков бр. 62, 1000 Скопје

Болница Неуромедика
Ул. Јордан Мијалков бр. 62, 1000 Скопје
Телефон: +389 2 31 33 313; +389 75 40 20 00
Е-пошта: centar@neuromedica.com.mk

Неуромедика Куманово
Ул. Тане Горгиев бр. 52, 1300 Куманово
Телефон: +389 31 414 033
Е-пошта: martin@neuromedica.com.mk

Информации

  • Заштита на лични податоци -Неуромедика
  • Заштита на лични податоци -Медика
  • Заштита на лични податоци -Неуромедика Хоспитал

Овластено лице за заштита на лични податоци:
pravnasluzba@neuromedica.com.mk
+389 02/313-33-13

Пријавете се на NEWSLETTER

ЛОКАЦИЈА

Copyright ©2019 all rights reserved
Designed by Box Media
Ние користиме колачиња за да овозможиме правилно функционирање на нашата веб-страница, да ги прилагодиме содржините и рекламите, да понудиме функции за социјалните медиуми и за да го анализираме нашиот сообраќај. Исто така, ние споделуваме информации за вашето користење на веб-страницата со нашите партнери во социјалните медиуми, рекламирањето и во аналитиката. Дознајте повеќе на: Политика за приватност
Поставки за колачињаПрифати колачињаX
Manage consent

Privacy Overview

This website uses cookies to improve your experience while you navigate through the website. Out of these, the cookies that are categorized as necessary are stored on your browser as they are essential for the working of basic functionalities of the website. We also use third-party cookies that help us analyze and understand how you use this website. These cookies will be stored in your browser only with your consent. You also have the option to opt-out of these cookies. But opting out of some of these cookies may affect your browsing experience.
Necessary
Always Enabled
Necessary cookies are absolutely essential for the website to function properly. These cookies ensure basic functionalities and security features of the website, anonymously.
CookieDurationDescription
cookielawinfo-checkbox-analytics11 monthsThis cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics".
cookielawinfo-checkbox-functional11 monthsThe cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional".
cookielawinfo-checkbox-necessary11 monthsThis cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary".
cookielawinfo-checkbox-others11 monthsThis cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other.
cookielawinfo-checkbox-performance11 monthsThis cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance".
viewed_cookie_policy11 monthsThe cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data.
Functional
Functional cookies help to perform certain functionalities like sharing the content of the website on social media platforms, collect feedbacks, and other third-party features.
Performance
Performance cookies are used to understand and analyze the key performance indexes of the website which helps in delivering a better user experience for the visitors.
Analytics
Analytical cookies are used to understand how visitors interact with the website. These cookies help provide information on metrics the number of visitors, bounce rate, traffic source, etc.
Advertisement
Advertisement cookies are used to provide visitors with relevant ads and marketing campaigns. These cookies track visitors across websites and collect information to provide customized ads.
Others
Other uncategorized cookies are those that are being analyzed and have not been classified into a category as yet.
SAVE & ACCEPT