Успешно обавен санитетски транспорт на пациент низ 7 држави од Скопје до Sahlgrenska Universitetssjukhuset Molndal Гетеборг со должина од 5 622 километри
Поставен новиот рекорд за најдолг санитетски транспорт на релација од Македонија до Шведска
Медицински тим на Болница Неуромедика постави нов рекорд на санитетски транспорт на пациент низ седум држави, од Скопје до болницата Sahlgrenska Universitetssjukhuset Molndal во близина на Гетеборг, Шведска со поминати 5 622 километри од кои 35 часа поминати со пациент од вкупно 67 часа.
Осумдесет годишниот пациент со цервикобазиларна фрактура на десен фемур (бутна коска) беше транспортиран од Скопје до универзитетската болница во Шведска за оперативен третман. Имајќи на ум возраста на пациентот и предходните коморбидитети, хронична состојба на дијабет, асма и хипертензија беше неопходен континуиран 24 часовен надзор од високо стручен тим и соодветна терапија.
Во текот на целиот транспортн низ Македонија, Србија, Унгарија, Чешка, Германија, Данска и Шведска состојбата на пациентот е евалуирана со мерење и мониторинг на сите параметри со соодветна современа медицинска апаратура, по што пациентот беше третиран со адекватна медикаментозна терапија според најсовремени протоколи.
Медицинскиот тим на Болница Неуромедика составен од д-р Оливер Михаилов, медицинска сестра – анестетичар Мартина Шуманска и возачите Ненад Златковиќ и Небојша Јовановски на високо професионално ниво го реализираа транспортот со најсовремено опремено амбулантно возило и специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти надвор од Македонија.