Совршена блескава, здрава и природна насмевка со циркониум коронки
Протетиката е гранка во Стоматологијата која се занимава со обновување на забите коишто биле уништени или изгубени поради разни причини. За да се реконструира естетиката и сите функции на забот, се користат различни видови протетски изработки-коронки, мостови, кои можат да бидат направени од различни материјали. Една од најмодерните опции е коронка од циркониум. Д-р Наташа Доргут – Трајковска, Доктор по стоматологија објаснува подетално за коронките од циркониум.
Циркониумските коронки почнаа да се користат во протетиката релативно кратко, пред околу 15 години. Затоа, не е изненадувачки фактот што повеќето пациенти не знаат ништо за нив, нивните карактеристики и придобивки.
Д-р Доргут што претставува цирконијата за Стоматолошката протетика?
– Циркониумските коронки претставуваат протетски конструкции направени од уникатен материјал-циркониум диоксид. Овој материјал се добива од минералот циркониум, кој има светла боја и е исклучително издржлив.Заради природните својства на основниот материјал, стоматолошкиот циркониум се карактеризира со:
-голема јачина на дејство на надворешни фактори и механички стрес;
-хипоалергична и идеална биолошка компатибилност со човечкото тело.
Во стоматолошката пракса, побарувачката за коронки од циркониум постојано расте. Која е причината?
-Интересен факт е тоа што цената на коронки од циркониум е повисока од просечната, но во исто време побарувачката на пациенти за овој вид протетско помагало постојано расте.
Растот на побарувачката во големи мери се должи на високиот квалитет на циркониумските коронки како и на следниве карактеристики:
- Атрактивен изглед. Речиси е невозможно визуелно да се разликуваат коронките од циркониум од соседните природни заби.Тие имаат боја и транспарентност идентична како онаа на природната забна глеѓ. Затоа циркониумските коронки се погодни за единични реставрации во областа на предните заби.
- Циркониумските коронки се многу посилни од метал-керамичките конструкции. Тие се способни да издржат постојани и доволно силни џвакални оптоварувања, затоа се погодни за обновување на било кој заб во усната шуплина.
- Циркониумските коронки не проѕираат преку ткивото на непцата, како што често се случува со појава на сив раб во предел на непцата кај метал-керамичките коронки. Затоа естетиката на реставрацијата ќе биде беспрекорна!
- Циркониумските коронки се карактеризираат со идеална биолошка компатибилност, поради што се препорачуваат кај пациенти со алергија на метал и нивните легури.
- Поставувањето на циркониумски коронки како протетска надокнада Не бара отстранување на голема количина од забната структура на носечкиот заб. Доволни се само 0.4-1мм.
- Конструкциите од циркониум имаат прилично долг век на траење, во просек околу 15години.
Ако внимателно се грижиме за забите, со редовно миење со соодветни четка и паста за заби, употреба на интердентален конец, правиме редовни профилактички прегледи кај Стоматолог за професионално чистење на забите, животниот век на овие конструкции може да биде и подолг од 15 години.
Во одделот за Стоматологија при Неуромедика се изведуваат специјалистички прегледи и консултации од стоматолошка проблематика, дијагностицирање и третман на истите, како и совети за соодветна хигиена и нега на забите и усната празнина.
Препуштете го Вашето орлално здравје во рацете на професионалци од областа на стоматологијата и протетиката.
Вашaта косултација со стоматолог закажете го на 02 313 33 13.
Неуромедика, Партнер на Вашето здрвје.
*Текстот е со авторски права, направени за потребите на болницата Неуромедика. Секое неовластено преземање е казниво со закон. Доколку делумно се преземат содржините, задолжително да се наведе изворот со линк од каде е преземен текстот.