Соработка помеѓу приватната болница Неуромедика и ДСМУ Д-р Панче Караѓозов.
Со голема гордост го најавуваме стартот на една идеја која стана реалност – воспоставување соработка помеѓу приватната болница Неуромедика и ДСМУ Д-р Панче Караѓозов.
Ученици од ДСМУ Д-р Панче Караѓозов во склоп на образовниот процес, својата практичната настава и феријалната пракса ќе имаат можност да ја извршуваат во приватната болница Неуромедика и да бидат вклучени во работните процеси на болницата,со цел – посовремен и поквалитетен образовен процес за ученици и квалитетно едуциран медицински кадар во иднина.
Ни претставува особена чест и задоволство што болницата Неуромедика е првата приватна установа која е дел од овој проект и ќе се залагме да создадеме промени во образовниот систем за да ги направиме нашите идни медицински лица храбри, да се спротивстават на неправдите, а во исто време и доволно вешти и сигурни во своето знаење.
Им посакуваме успех и блескава кариера!