Систематски прегледи за Вашата компанија
#Неуромедика, која располага со врвна медицинска oпрема и технологија и овозможува да се извршуваат најсовремени систематски прегледи при што се добиваат точни и брзи резултати, за Вашата комшпанија ги подготви менаџерскиот пакет и VIP менаџерскиот пакет.
Основните елементи на систематскиот преглед кои треба да се изведат се спирометрија, аудиометрија и ЕКГ.
Се започнува со евидентирање на пациентите во дневникот за систематски прегледи. Потоа се пристапува кон испитување на белодробната функција со одредување на белодробниот волумен и капацитет, односно се врши спирометрија со помош на апаратот спирометар. Се пристапува и кон испитување на функцијата на сетилото за слух со помош на тонална луминарна аудиометрија, која претставува современа и многу прецизна метода со фреквенции на поедини тонови. Аудиометриското испитување се врши во посебно подготвена тивка кабина, изолирана од другите простории, каде што не се слушаат надворешни шумови и бучава. Испитувањето се врши на двете уши поединечно, што овозможува увид во квантитативното и квалитативното губење на слухот.
За да побарате понуда за систематски прегледи за Вашата компанија пишете на komercija@neuromedica.com.mk или пак јавете се на + 389 70 308 584