Што е СТРЕС? Кои сме ние воопшто во состојба на СТРЕС? – Професор д-р Методи Чепреганов во Неделен Магазин на МТВ
Најчестата реченица која во последно време сите ние се почесто ја слушаме од пријателите, колегите, или од соседите е дека еднаш или два пати во текот на денот се наоѓаат во состојба на СТРЕС. Тогаш помислуваме дека човекот се наоѓа во некоја неволја и заради тоа е растроен, нервозен па дури и понекогаш пушта солзи.
Доколку се обидете да ја најдете причината за сето тоа и навлезете малку подлабоко и ja најдете дефиниција ШТО Е ТОА СТРЕС ќе откриете дека тоа е состојба во која нашиот организам се брани од некоја несакана или неволна ситуација.
Токму за оваа состојба на СТРЕС која што е околу нас или во нас разговараме со еминентниот почитуван професор д-р Методи Чепреганов, невропсихијатар
Во разговорот ќе слушнете што стресот прави на нашата личност?
Какви сме во интерперсоналните односи?
Кои сме ние воопшто во состојба на СТРЕС?
Проф. Д-р Методи Чепреганов
Специјалист невропсихијатар и епилептолог