SARS-CoV-2 како индиректен причинител за контактен дерматитис во време на пандемија со Ковид-19

Пишува: Д-р Зоран Јовановски, специјалист дерматовенеролог
SARS-CoV-2 е индиректен причинител за контактен дерматитис во време на пандемија со Ковид-19. Зголемен е бројот на пациенти со контактен дерматитис на раце и лице поради зголемена употреба на заштитни маски, ракавици и средства за дезинфекција

- Иритантен тип: застапен во 80% . Доаѓа од супстанци што доаѓаат во контакт со кожата
- Алергиски тип: застапен во 20% . Аалергени го активираат имуниот систем што резултира со воспаление
Причини за иритантен кожен дерматитис може да бидат сапуни, лосиони, парфеми, треви, креми, хемиски средства. Кога се појавува има благо црвенило, сува кожа проследена со чешање. Поретко може да се јави оток, болка, меури. Терапијата за третирање на оваа состојба се состои во избегнување на иританти, потоа користење на антихистамини, кортикостероиди, како и препарати со уреа.





