РЕНГЕН ДИЈАГНОСТИКА ЗА COVID – 19 ПОЗИТИВНИ ПАЦИЕНТИ
Покрај можноста за општа и специјализирана домашна посета што ја обезбедуваме единствено ние во Македонија, нудиме и можност за ренген дијагностика за Covid-19 позитивни пациенти.
Доколку Вие или Ваш близок имате потреба од дополнителни испитувања, Неуромедика е местото каде треба да се обратите.
Во дијагностичкиот центар се вршат класични ренгенски снимања на сите сегменти од телото, при што зрачењето на пациентот е значително редуцирано.
- Ртг на коскените струкути на телото
- Ртг на глава и параназалните синуси
- Ртг на бели дробови и срце
- Ттг на рбет (вратен, торакален и лумбален)
- Ртг на абдомен
- Ртг на уринарен тракт
- Дигитални снимања на дојки – мамографија
- Панорамикс снимања
- Снимања на заби
Се изведува и дијагностика компјутеризирана томографија (64-слајсна)
На овој најсовремен дијагностички апарат се вршат компјутерски снимања на сите делови од телото. Процедурата на снимањето не е подолга од 1 мин. а зрачењето на пациентот е редуцирано. Моќната софтверска конфигурација на апаратот и можноста за 3Д реконструкции овозможуваат оптимална визуелизација на сегментите што се снимаат, како и сигурна и многу прецизна дијагноза.
Располагаме со најсофистициран апарат за магнетна резонанца за цело тело, со сите софтвери за обработка и на најкомплицираните случаи и врвни дијагностичари кои можат да се справат и со најкомплицираните дијагностички предизвици.
За да добиете повеќе информации, да закажете преглед јавете се на 02/3133-313