ПОСЕТА НА СТОМАТОЛОГ – НАВИКА ШТО СЕ СТЕКНУВА ОД НАЈРАНА ВОЗРАСТ
Насмевката е најубавиот додаток што можете да го имате на Вашето лице. Но, што кога се обидувате да ја скриете заради фактот што забите не изгледаат убаво, не се третирани како што треба и го немаат посакуваниот сјај.
Навремената и редовна посета на стоматолог е една од навиките кои што секој човек треба да ја стекне од најмала возраст и да ја поседува во текот на целиот живот.
Матичниот стоматолог игра клучна улога во изгледот на забите бидејќи знае точно што се случува во Вашата усна шуплина. Каква и промена да се случува со забите и гингивата, тој ќе знае веднаш како да Ви помогне, да ја санира промената и да Ви даде совет како соодветно да се грижите за забите.
Во Неуромедика имате можност да одберете матичен стоматолог, а не заборавајте дека до 10 ноември, има промотивна акција за чистење на забен камен. Јавете се на телефонскиот број 02/313 33 13 да закажете термин за преглед и интервенција.
Текстот е авторски, напишан за потребите на болницата Неуромедика. Секое неовластено преземање е казниво со закон. Доколку делумно се преземат содржините, задолжително да се наведе изворот со линк од каде е преземен текстот