Одберете матичен лекар од општа пракса и матичен стоматолог во Неуромедика
Примарната здравствена заштита е од исклучително знаење за секој човек, тоа значи пристап на целото општество кон подобро здравје и благосостојба, насочена кон потребите и преференциите на поединците, семејствата и заедниците. Се однесува на пошироките детерминанти на здравјето и се фокусира на сеопфатните и меѓусебно поврзани аспекти на физичкото, менталното и социјалното здравје и благосостојба.
Истата обезбедува комплетна грижа пациентот, за сите негови здравствени потреби во текот на целиот животен век. Примарната здравствена заштита овозможува луѓето да добиваат сеопфатна грижа – почнувајќи од промоција и превенција до третман, рехабилитација и нега.
Зошто примарната заштита е толку важна?
Докажано е дека дека примарната здравствена заштита е високо ефективен и ефикасен начин за справување со евентуалните ризици по здравјето и одржувањето на благосостојбата на секој човек.
Колку поквалитетна примарна заштита имате, толку подобро и побрзо ќе се најде начин да се решат идните можно проблеми со здравјето.
Во Неуромедика имате можност да одберете матичен лекар од општа пракса, како и матичен стоматолог кои ќе се грижат за вашето здравје постојано. Ќе ја следат медицинската историја со текот на времето и ќе ве насочуваат како да постапите во одредени ситуации кога ќе настане промена во здравствената состојба.
Притоа, добивате бенефиции при закажување на преглед кај врвните специјалисти кои се дел од тимот на Неуромедика.