НЕВРОЛОШКИ КОМПЛИКАЦИИ ПРИ КОВИД 19, ДА ИЛИ НЕ !
Пишува: Проф. Д-р. Миодраг Врчаковски, Специјалист по неврорадиологија
На почетокот од Корона пандемијата се мислеше дека Ковид 19 не предизвикува невролошки проблеми, но моето сопствено искуство не одеше во прилог на тоа. Забележав дека бројот на невролошки случаи во Неуромедика расте и убеден бев дека Ковидот тука има замешано прсти.
Се покажа дека моето сомневање е оправдано!
Прелиминарните светски студии јасно покажуваат дека бројот на невролошки компликации при Ковид 19 постојано се зголемува.
Тие се пред се резултат на автоимуниот одговор на организмот на вирусната инвазија како и на коагулационите пореметувања и тромбоембоемболизмот.
Со Магнетна Резонанца овие промени лесно се визуализираат уште во раните фази, што е пресудно за ефикасно лекување.
Дијапазонот на невролошките манифестации при Ковид 19 се протега од енцефалопатти со појава на делириуми и психози, (состојби кои не даваат промени на МР), до мозочни воспаленија, енцефалити, особено Акутен Демиелинизирачки Енцефало Миелитис (АДЕМ).
Воспалителни промени од Ковид 19 можат да настанат и во рбетниот мозок и на периферните нерви. Имам и таков случај.
Еден мој случај со АДЕМ гледате на приложената слика 1.
Се работи за дете на 9 годишна возраст со прележан Ковид пред 1 месец, сега со главоболка и повраќање.
Раното дијагностицирање и терапијата со кортикостероиди можат да придонесат во лекувањето.
И знајте дека оваа дијагноза не мора да има било каква клиничка и лабораториска потврда, се базира само на чувството и искуството на неврорадиологот што го врши прегледот…
За тоа се неопходни 4 глави и 4 раце, сликата јасно ви го кажува тоа, нели!
Логично е дека при Ковид 19, како резултат на коагулационите пореметувања и тромбоемболизмот се зголемива и ризикот и бројот на мозочните инфаркти.
Имам и мои докази за тоа (Сл.2).
Се работи за мозочен инфаркт (црвените стрелки) кај млада пациентка на 31 год. со главоболка, чувство на лебдење и замаглен вид. Таа неколку недели живеела во ист стан со нејзиниот брат кој имал типична симптоматологија за Ковид 19, потврдена и со тестирање.
Како е можен мозочен инфаркт кај пациентка која нема никави податоци за предходни заболувања и без било каков ризик фактори?
И овде Ковидот замешал прсти, убеден сум во тоа…
Претпоставувам дека моите драги колеги Невролози забележуваат зголемен број на мозочни инфаркти за време на пандемијата?…
Зошто?
Јас веќе ви го дадов мојот одговор.
*Текстот и фотографиите се авторски, направени за потребите на болницата Неуромедика. Секое неовластено преземање е казниво со закон. Доколку делумно се преземат содржините, задолжително да се наведе изворот со линк од каде е преземен текстот