НАЈДОБАР МЛАД ВРАБОТЕН ВО НЕУРОМЕДИКА
Во просториите на болницата Неуромедика беа доделени признанија и награди за најдобар млад вработен до 2 години во болница Неуромедика од страна на менаџментот -Д-р Емил Угриновски и Г-н Аритон Кандикјан.
Во продолжение, еве што изјавија најдобриот млад доктор, најдобриот млад медицински техничар и најдобрата млада администраторка.
Др Ѓорѓи Вановски – најдобар млад доктор
Претставува огромна чест да се биде прогласен за најдобар млад доктор во Неуромедика. Долгогодишното искуство дава за право да бидеме подготвени во секоја ситуација, да можеме да се избориме со се, посебно во време на Ковид пандемија во која се наоѓаме во моментов. Мило ми е штом сум дел од тимот на Неуромедика како доктор. Посветеноста кон пациентите претставува огромна предност, се трудиме максимално фокусот да го насочиме кон нив, а потоа на се друго.
Би им препорачал на сите кои сакаат да бидат дел од тимот на Неуромедика, да го сторат тоа, да аплицираат, тоа да биде една позитивна промена за нив во новата 2021 година и секако им посакувам на сите многу здравје во годината што следи.
Влатко Граматиков – најдобар млад медицински техничар
Пред се, ми претставува голема чест и задоволство што сум прогласен за најдобар млад медицински техничар. Јас сум дел од тимот кој оди на домашни посети и морам да кажам дека иако бара дополнителен напор, сепак е мотивација самиот факт што им помагаме на луѓето, им пружаме соодветна нега кога им е најпотребно, посебно во време на Ковид пандемија. Во 2021 година ќе продолжиме засилено темпо, ќе биде подобро и се надеваме на уште повеќе успешни промени.
Симона Богоевска – најдобра млада администраторка
Задоволство е да се биде дел од тимот на болницата Неуромедика, а уште поголемо да се добие признание и награда за тоа од менаџментот. Што се однесува до мојот дел од работата, покрај организационите способности, важно е нашите пациенти да се чувствуваат пријатно секогаш кога ќе дојдат тука. Насмевката на лицето секогаш е присутна кај нас, бидејќи одлика на добар и успешен тим, покрај успешната работа е и љубезноста. Мене лично секој ден ми претставува предизивик и мотивација да доаѓам на работното место каде што уживам. Наградата навистина ме изненади многу позитивно бидејќи сум млад член на тимот и морам да нагласам дека дополнително ме мотивира. Во 2021 година ќе се трудиме уште повеќе, ќе вложуваме во работата уште повеќе со една цел – подобрување на здравствената услуга која ја нудиме.