Метеоропатија и shock wave терапија за најбрзо справување со болката
Пишува: Д-р Анета Кајсторовска, специјалист по физикална медицина и рехабилитација
Во годините што доаѓаат, статистиката може да стане многу поалармантна ако е точно дека постои тесна врска помеѓу овој синдром кој е последица од промената на времето и двата најочигледни проблеми – стресот и загадувањето во модерната ера. Досега, оваа појава не беше сфатена многу сериозно, особено од пријателите и членовите на семејството .Честопати, на жртвите не им се посветува внимание или за нив се вели дека претеруваат, или пак уште полошо, се смеат на нивните обиди за предвидување на временските прилики. Колку пати сте слушнале некој да рече: „Коленото ме боли“, „Се обложувам дека времето ќе се промени…“ И колку пати оваа фраза носи насмевка на усните на слушателот.
Сепак, науката покажува дека нема причини за смеење. Метеоропатијата , збор кој потекнува од грчкиот јазик (патос значи страдање), медицинската заедница ја смета за вистинска болест, дури и ако симптомите се резултат на надворешни феномени. Имајќи предвид дека во изминатите неколку години, поради познатата дупка во озонската обвивка, се чини дека метеоролошките услови се менуваат почесто и прекувремено, можеби е вистинско време да се посвети поголемо внимание на овој феномен.
Што е метеоропатија?
Тоа е синдром, односно група на симптоми и патолошки реакции кои се манифестираат кога има постепено или ненадејно менување на еден или повеќе метеоролошки фактори во дадена област. Под метеоролошки фактори, мислиме на температурата на воздухот, релативната влажност, брзината на ветерот, атмосферскиот притисок, дождот и грмотевиците со типични ефекти врз воздухот – јонизација, електрична состојба на турболентни промени. Овие варијации можат да се манифестираат на брутален начин кога поминуваат студени фронтови, со грмотевици или со дожд. На пример, на континентална Европа, по период на добро време, кога ќе пристигне нарушување од Атлантикот, можеме да откриеме разни ефекти врз телото, манифестирани во различните органи и системи. Феноменот е позабележителен кога се вклучени повеќе атмосферски фактори во тие моменти.
Што вели науката во однос на реакцијата на организмот на промените на времето?
Обично, од 24 до 48 часа пред пристигнувањето на временските промени, особено чувствителните луѓе, можат да имаат различни симптоми кои, земени заедно, го сочинуваат метеоропатскиот синдром. Најчести симптоми се зголемување на депресија, ментална и физичка слабост, висок притисок, цефалеа, главоболка и вртоглавица, желба да се остане во затворено, зголемена подложност на болка во зглобовите и мускулите, отежнато дишење и тешко чувство во стомакот. Исто така, може да има нарушување на расположението, раздразливост и симптоми во кардиоваскуларниот систем, како што се палпитации или болка во градната коска. Сето тоа се должи на интеракција на позитивните јони со одредени клетки во организмот од кои се ослободуваат големи количини на невротрансмитери кои се основ за овие физиолошки промени.
Симптомите траат еден до два дена. Тие почнуваат да се намалуваат откако ќе се промени времето, но се враќаат ако се промени времето повторно. Кога промените следат една по друга, симптомите се намалуваат со интензитет при секоја појава, бидејќи се појавува еден вид на процес на прилагодување. Нормално, дури и ако промените се различни, врел фронт(во зима)студен фронт(во лето), симптомите се повеќе или помалку исти. Овие имаат големо влијание врз времето на помала надморска височина, предизвикувајќи грмотевици, силни врнежи и силни налети на ветер, на кои човечкиот организам може да реагира подолг период од вообичаените 24 до 48 часа, понекогаш и една недела. Од друга страна, кога се формира меур од топол воздух на голема надморска височина, на пример летен антициклон кој создава зона под висок притисок, може да трае 15-20 дена.
Од што се состои терапијата на метеоролошки посредуваните симптоми и болка во мускулноскелетниот систем?
Обично во вакви ситуации, од 24 до 48 часа пред промена на времето, се дава антиалергик и седатив на база на зеленчук, глог, липа или валеријана. Тоа е затоа што метеоропатите често страдаат од алергии, особено од смог. За жал, алергиите се зголемуваат како резултат на зголеменото загадување во атмосферата. Субјектите развиваат симптоматологија обично во триесетите години од животот, бидејќи на таа возраст одбранбените организми почнуваат да забавуваат, а стресот се зголемува. За лица над 60 години, најефикасен превенивен лек е земање антиалергици (кои се препорачуваат навечер затоа што може да предизвика поспаност и затоа може да дејствува како благ седатив) со лек од групата на нестероидни антифламаторни лекови, што ја зголемува толеранцијата на болка. Во доменот на физикалната медицина за луѓето кои страдаат од други мускулно-скелетни повреди и состојби кои се влошуваат со промена на климата, постојат различни протоколи за користење на механизмите на дејство на Shock wave терапијата, поврзани со различните патишта на биолошките реакции, кои произлегуваат од акустични стимулации, преку „механо-трансдукција“.
„Механичкиот модел“ на оваа терапија е заменет со „Биолошки модел“поддржан од новите сознанија во механобиологијата, ново мултидициплинарно поле на науката, кое истражува како физичките сили и промените во механиката на клетките/ткивата може да влијаат врз развојот на ткивото, физиологијата и болестите. Познато е дека shock wave терапијата е во состојба да ја ублажи болката, како и позитивно да го регулира воспалението(веројатно како имуномодулатор), да предизвика неоангиогенеза и активност на матичните клетки, со што се подобрува регенерацијата и заздравувањето на ткивата. Shock wave терапијата во денешно време може да се смета за ефикасна, безбедна, разновидна, повторлива, неинвазивна терапија за третман на многу мускулно скелетни болести, но и за некои патолошки состојби каде што се посакувани регенеративние ефекти, особено кога некои други неинвазивни конзервативни терапии не успеале. За тоа говорат повеќе клинички студии од еминентни физијатри и хирурзи во светот.
Покрај тоа, засновано на сегашното знаење за Shosk Wave механобиологијата, интензивно се работи на нови интересни и ветувачки апликации на оваа терапија во областа на регенеративната медицина и терапиите со клетки и ублажувањето на болката. Среќни сме што можеме да бидеме дел од најдобрите и да Ви понудиме да се уверите во ефектите на Shock Wave терапијата во нашата поликлиника во Влае, ординација за физикална медицина и рехабилитација.