Медицински транспорт – домашен и меѓународен
Безбеден, професионален и навремен транспорт, кога секоја минута е важна.
Неуромедика обезбедува домашен и меѓународен медицински транспорт, со целосна организација, професионална медицинска придружба и грижа за пациентите во текот на целиот транспорт.
Нашата услуга е наменета за пациенти на кои им е потребен безбеден трансфер до или од здравствени установи, како и транспорт до специјализирани медицински центри во странство.
Домашен медицински транспорт
Обезбедуваме медицински транспорт со санитетски медицински возила на територијата на цела Македонија.
Услугата вклучува:
- Транспорт до и од здравствени установи во сите градови низ Македонија.
- Безбеден трансфер на пациенти.
- Придружба од стручен медицински персонал.
- Организација и координација на целиот транспорт.
Меѓународен медицински транспорт
За пациентите на кои им е потребен транспорт надвор од границите на државата, Неуромедика обезбедува меѓународен медицински транспорт со специјализирани медицински возила и доколку потребно и воздушен транспорт со авион.
Услугата вклучува:
- Медицински воздушен транспорт со авион.
- Транспорт со специјализирано медицинско возило.
- Трансфер до реномирани клиники и здравствени установи во странство.
- Организација на документација и логистика.
- Медицинска придружба и поддршка во текот на транспортот.
Достапни 24/7
Нашиот тим е достапен 24 часа на ден, 7 дена во неделата, за информации и организација на медицински транспорт.






