Машкото здравје и свесноста за негово чување
Месец ноември веќе почнува да станува синоним за подигнување на свеста за машкото здравје, т.е за подигнување на свеста за ракот на простата кај мажите. Покрај редовните контроли, нужна е потребата кон укажување за поголемо внимание на фамилијарните медицински истории, бидејќи освен здравиот начин на живот и генетскиот фактор игра важна улога во етиологијата на овие болести.
Во Македонија мажите на 45 годишна-возраст размислуваат како да си ја задржат косата и да го ослабат стомакот, а не им паѓа на памет да посетат уролог.
Во Европа и кај нас има драстично зголемува на болните и со карцином на тестиси и со рак на простата. Во Македонија ракот на простата е трет на листата на карциноми кај мажите, а редовните прегледи значат и извлекување на мажите.
Простата е жлездано – мускулен орган придодаден на семените патишта која го опфаќа почетниот дел на уретрата и чиј секрет влегува во состав на семената течност. Простатата се наоѓа во подперитонеалниот дел на карличната дупка, поставена под дното на мочниот меур, позади препонската симфиза, а пред ректумот преку кој е пристапна палпација на истата. Глатките мускули и еластични влакна градат мрежаста творба-строма на простатата во чии меѓупростори е сместено жлездастото ткиво на простата.
Главната состојка на секретот на простата е вода во која се наоѓаат останатите состојки и тоа повеќе натриум, калиум, калциум, а во помали количини хлориди, бикарбонати и фосфати одколку во плазмата. Алкалната реакција на секретот на простатата е важна за фертилната способност на сперматозоидите.
Во епителните клетки на простатата се создаваат и протеини – ПСА (Prostate specific antigen), ПАП (Prostatic acid phosphatase).
Хиперплазија е зголемување на волуменот на некое ткиво или орган предизвикано со создавање на нови келии.
Хиперплазија може да настане:
а) како компензаторна реакција поради губење на ткивото
б) како зголемено функционално барање на нормална количина на одредено ткиво кое не може да ги задоволи
в) како последица на пореметена хормонска регулација на ткивото.
БПХ спаѓа во најчестите бенигни заболувања кај мажите. Преваленцата на БПХ прогресивно расте од четвртата деценија (8%) на животот да би во осмата деценија изнесува 82%. Патогенезата на БПХ е недоволно позната иако е очигледно дека мултипли, комплементарни системи (имуни, неуроендокрини) и локални фактори се одговорни за развојот на БПХ.
На простатата се разликуваат – латерални лобуси, субцервикален, субтригонален лобус и многу ретко лобус на предната комисура. Хиперпластичното ткиво на простата настанува со хиперплазија на периуретралните жлезди кои ги потиснуваат жлездите на надворешната периферна зона кон периферијата на простата.
Помеѓу хиперпластичното ткиво и компримираното ткиво на периферната зона се развива фиброзен слој позната како хируршка капсула на простатата. БПХ-предизвикува секундарни промени на уринарниот тракт. Промени на простатична уретра која се издолжува и стеснува во зависност од големина на простата и се намалува протокот на урината. Интрасфинктерниот, интрауретралниот и интравезикалниот раст го отежнува празнењето на мочниот меур се зголемува интравезикалниот притисок, а со тоа и хипертрофија на мочниот мускул – детрузорот. Компензаторната фаза на детрузорот е ограничена, а потоа настанува фаза на декомпензација на детрузот која може да биде акутна или постепена со задршка на урината (рест урина).
Симптоматологија на БПХ – во почеток често и отежнато мокрење, прво ноќно мокрење 1-2 пати, потоа и повеќе пати, изненаден итен нагон на мокрење, отежнатото мокрење посебно изразено ноќе и наутро. Оштетувањето на бубрезите се манифестира со полиурија, хипостенурија, хиперазотемија. Процесот продолжува со хронична комплетна ретенција на мочката, односно мокрење со прелевање.
Процена на симптоми на простатизам истите се делат на опструктивни и иритативни симптоми.
Опструктивни симптоми – чекање на млазот на мочката, напнување примокрењето, слаб млаз на мочката, ретенција на мочката и Ishuria paradoxa.
Иритативни симптоми – дневна полакиурија, ноктурија, ургетно мокрење, ургентна инконтиненција, мокрење на мала количина на урина.
Испитувања при БПХ: анамнеза, физикален преглед на абдоменот, дигиторектален преглед на простата, ехотомографијa на УГТ, ТРУС на мочен меур, простата. Преглед на урина, уринокултура, спермокултура, секрет на простата, крв, тотален ПСА, слободен ПСА, КТ урографија.
Лекување на БПХ – Постојат апсолутни индикации за лекување на БПХ, а ако болниот не сака оперативно лекување, а индикациите се релативни се применува медикаментозно лекување.
Експектативен став – ако има мала простата со благи симптоми (S1-10) или одсатни симптоми. Медикаментозно лекување се применува и поради староста на болниот, општата состојба и кога не е можно оперативно лекување, се користат екстракти од билки: Caps. Prostamol uno, Prostamax и др. Примената на овие лекови не дава нус појави, а примена на истите дава минимални ефекти.
Комбинирана примена на алфа-блокатори и инхибиотори на 5 –алфа редуктаза – При големи простати кога нема индикација за оперативно лекување или пациентот не пристанува. При хематурија при БПХ се пласира трожилен балон катетер и континуирано испирање со Ispirol (во болнички услови) и потоа одлука дали ќе се примени оперативно лекување.
Оперативно лекување – Отворена операција (супрапубична, трансвезикална простатектомија со одстранување на простатичното хиперпластично ткиво со одлични функционални резултати но со најмногу компликации, ретко се користи.
Денес се фаворизираат методи на лечење во дневни болници, кратка хоспитализација, брзо опоравување на болниот се во интерес на болниот и социјално здравствената заштита, намален ризик од интрахоспитални инфекции со мултирезистентни слоеви на бактери.
Прим. д-р. Воислав Кајевски, специјалист уролог во Болница Неуромедика ги извршува сите прегледи и дијагностицирање и водења на сите состојби кај уролошките пациенти. Интерклиничката соработка во Болница Неуромедика овозможува детално, прецизно и точно дијагностицирање и третирање на пацинетите преку современите технологии, принципи и пристапи на работа.
Вашиот преглед и консултација закажете ги на 02 3133 313