Легендарниот фудбалски натпревар Македонија – Словенија со медицинска поддршка од Болница Неуромедика
октомври 17, 2019Новости
Минатата недела на градскиот стадион „Тодор Проевски“, како дел од квалификациите за Европско првенство 2020 година, македонската и словенечката фудбалска репрезентација одиграа легендарен натпревар кој заврши во корист за Македонија 2 : 1.
Натпреварот беше со медицинска поддршка од страна на стручниот тим на Болница Неуромедика. 3 најсовремено опремени амбулантни возила со специјална опрема за транспорт на потешко болни пациенти, и тим од 27 високо стручни медицински лица беа распределени во 4 медицински соби кои беа опремени по сите UEFA прописи и стандарди, но и на повеќе позиции низ стадионот се со цел навремена и професионална реакција и третман на секоја повреда или интервенција.