Кои се причините за појава на остеопороза?
Пишува: Проф. Д-р Ѓорѓи Зафироски, специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија
Причини за остеопороза – коските се во постојана обнова. Нова коска се создава, а старата се разградува. Кога сме млади новата коска побрзо се создава за разлика од старата која се разградува. Старата коска и коскената маса се зголемуваат и достигнува врв во 20-35 г. од животот. Кога луѓето стареат, коскената маса се губи побрзо одошто се создава. Кога и колку ќе се развие остеопороза делумно зависи колку коскена маса сме направиле во младоста. Поголем пик на коскена маса значи имаме повеќе коска во банка и помали шанси имаме за остепороза со стареењето.
Доколку сте белец или азијат имате поголеми шанси за остепороза
Фамилијарна историја- доколку родителите имале остеопороза или близнак со остепороза и другите деца имаат шанси за остепороза
Телесна тежина- лица со помала телесна тежина од 60 кг и со тенка става се со висок ризик за остепороза.
Хормонско ниво: остеопорозата се јавува кај лица кои имаат малку или многу од одредени хормони.Тука се кортикостероидните хормони, ДМ. Тироидни и паратиреоидни хормони како и естрогените и тестостеронот.
Ризик фактори- бројни фактори може да го зголемат ризикот од остепороза , а тоа се возраст,раса, стил на живеење, заболувања и лекарства.
Ризик фактори надвор од нашата контрола: пол: жените многу почесто заболуваат од остепороза од мажите и тоа 4-5 пати почесто и возраст- колку сме постари поголем е ризикот од остепороза.
Диетални фактори: низок внес на калциум, заболувања на ГИТ,гит- ХИРУРГИЈА, низок внес на витамин Д,користење на лекови, стероиди и др. лекарства-долготрајна употреба на кортикостероидни лекови повеќе од 3 месеци, бидејќи го пореметуваат процесот на коскено обновување, лекови за епилепсија, гастричен рефлукс, хемотерапија кај канцер, реуматоид артритис, Д.М, трансплантирани болни, животен стил- седечки навики, зголемена употреба на алкохол и пушење,кафе.
Компликации
Кршење на коските на рбетот и колкот се најсериозните компликации од остеопороза. Се работи за постари личности со бројни други заболувања срцева слабост, анемичност, воспаление на бели дробови, Д.М,ХТА. Фрактурата претставува голем ризик за животот бидејки 20% од пациентите умираат во текот на годината кога настанува фрактурата. Се работи за силни неиздржливи болки. Ваквите болни често имаат и контраиндикации за операции за среќа во нашата установа поради карактерот на болницата ние ги оперираме со голем успех. Голем број од овие болни остануваат и инвалиди.
Златниот стандард за откривање на остеопороза е дензитометрија. Овој тест е признаен и препорачан од Светската здравствена организација. Дензитометријата го проценува количеството минерална материја на квадратен сантиметар коскено ткиво и на тој начин ја цени издржливоста на скелетот, односно неговата цврстина. Овој метод е единствен заради својата прецизност, што покрај дијагноза, овозможува и прецизно следење на резултатите од лекувањето. Информациите од дензитометријата се единствен прецизен параметар во менаџирањето на остеопорозата. Во Неуромедика го имаме еден од најдобрите холоџик апарати за дензитометрија Стратос.