Кои се најчестите зимски повреди поради кои морате да посетите ортопед?
Настапувањето на зимата како годишно доба носи низа специфики, а една од нив е дека луѓето поради временските околности се повеќе склони кон повреди поради лизгање или паѓање.
Проф. Д-р Ѓорѓе Зафироски од „Неуромедика“, специјалист по ортопедска хирургија и трауматологија, ги дефинираше најчестите типови на повреди во текот на зимата.
– Обидувајќи се инстиктивно да се заштитат кога ќе се лизнат на мраз или снег, луѓето доживуваат скршеници на подлакатните коски на типично место, а некогаш имаат и скршеница на метакарпалните коски од шаката. Ако не успеат да се задржат, како резултат на приземјување на рамо, можно е да имаат исчашување на рамениот зглоб. Тоа може да биде придружено со скршеница на вратот на надлактната коска.
– При пад на грб, можно е кршење на пршлените (во вратниот дел, во слабинскиот дел или во градниот дел). Кај повозрасните лица пак, можно е да има скршен колк или кршење на вратот на надлакатната коска или пак кршење на ребра.
– Во случај кога станува збор за зимските спортови, меѓу најчестите е скијачката повреда при која што настанува кршење на потколеничните коски. Истегнување на лигаментите на скочниот зглоб или исчашување на скочниот зглоб исто така спаѓа во честите зимски повреди.
Бидете внимателни кога се движите во зима, а во случај на незгода побарајте стручен специјалистички преглед во „Неуромедика“ преку телефонскиот број 13 301.