Искуство на пациент по извршена успешна операција во Неуромедика
Болницата Неуромедика секогаш се грижи услугите што ги овозможува да бидат квалитетни, на пациентите да им се пружи најдобар здравствен третман и секогаш да бидат задоволни.
Во Неуромедика Јован Димов, по препорака доаѓа кај Специјалистот по урологија, Проф. Д-р Љупчо Лековски што е потврда за стручноста на нашите експерти. По извршен преглед констатирано е дека потребно е да се изврши интервенција.
По направена операција на бенингна простата, оперирана простатектомија, пациентот се чувствува добро и го сподели неговото искуство за целокупниот престој и услугите во Неуромедика.
„Во Болницата постоперативно сум веќе неколку дена, се чувствувам одлично, задоволен сум од третманот на професорот, медицинската нега е на највисоко ниво, медицински тим секогаш до мене доколку ми е потребен, храната е одлична. Ви благодарам многу“ – вели Јован.