ИНТЕРВЈУ СО УРОЛОГ: ВРЕМЕ Е ЗА ПРЕГЛЕД
Моември, месецот на машкото здравје
Иако им е полесно да кажат дека биле на хирург отколку на уролог, последниве години мажите стануваат сè посвесни за важноста на уролошкиот преглед. Најдобриот и најсовремен уролошки центар во Македонија го има своето место во болницата Неуромедика раководен од врвни специјалисти уролози, кои откриваат дека преку превентивните прегледи може да дознае дали постои опасност од карцином на простатата, тестисите, но и преку едукација и превенција ја поттикнуваат физичка активност и допринесуваат за подобрување на менталното здравје.
Во чест на месецот на машкото здравје – Моември, разговаравме со нашите уролози за знаци кои може да бидат аларм за почетна фаза на канцер.
Колку се информирани мажите за редовен преглед на уролог?
Проблемот е што некои се информирани некои не се информирани. Тоа зависи од профилот на самиот човек, односно од образование, професија, познанства, широк круг на пријатели од каде може првично да добие информација и слично. Само за споредба, во Југославија како дел од систематските прегледи за војската беше задолжителен уролошки преглед после 40-та година. Денес тоа веќе не е пракса, денес за жал многу ретко мажите доаѓаат на превентивни прегледи. Најчесто е кога чувствуваат промена.
Која е возрасната граница кога станува збор за рак на тестиси?
Возрасната граница варира. Може да се јави и кај деца, но тоа е ретка појава, додека кај фертилната популација од 20 години па се до 50,60 години се јавува рак на тестиси.
Доколку се јави кај деца, тоа најчесто е заради фактот што едниот тестис не е спуштен. Тој не е во скротумот, туку почнува од бубрегот, се спушта и пред да биде родено детето се спушта во скроталното ќесе. Ова е појава најчесто кај деца.
Како изгледаат промените, дали се видливи со око?
Штом има промени, потешкотии со тестисите треба да дојде на преглед. Важно е да се нагласи дека нема промена на боја, не се гледа ништо, нема болка. За да се забележат, потребно е секој маж да си направи самопреглед. Тоа е исто како кај жените кога прават палпација на градите, истата постапка потребно е да се направи кај мажите. Со напипување за време на туширање да се почувствува дали има промена, тврдост или пак има промена во тежината на едниот тестис. Доколку е таков случајот, обавезно да се јави кај уролог.
Како изгледа прегледот и каде настанува проблемот?
Постапката е следна: Откако ќе дојде пациентот на уролошки преглед, обавезно се прави лабораториско испитување со маркери за тумор на тестис, ехо, потоа се прави магнетна резонанца на тестис. Сето ова се прави во рок од една недела. Ако се потврди дека е рак на тестиси, следи операција и опасноста е отстранета.
Проблемот настанува што пациентите доаѓаат во доцна фаза. Тоа значи дека ги има промените, потешкотиите и се убедува себеси дека не му е ништо.
Кој дел од популацијата е најподложен, кога се јавува, во која состојба?
Оваа болест може да се јави и кај деца кои немаат спуштен тестис, но и кај возрасни. Потребно е почеста контрола за да се следи состојбата, бидејќи доколку едниот тестис не е спуштен, голема е веројатноста да се јави рак на другиот тестис, односно шансите се 20 пати поголеми за рак на тестиси.
Уште еден ризик фактор е генетската предиспозиција. Ако во фамилијата, татко, брат чичко, односно род од прво колено има историја на рак на тестиси, потребно е редовно да се прави уролошки преглед, барем еднаш во текот на за да се превенира настанување на рак на тестиси.
Кои се симптомите за рак на простата?
Многу е тешко да се најде границата помеѓу бенигна хиперплазија на простата т.е бенигно зголемување на простата и канцер на простата.
Зошто? Затоа што од 40та година, простатата почнува да се зголемува. Симптомите се следни:
- често мокрење,
- печење при мокрење,
- недоизмокрување,
- ургентно мокрење,
- висока температура и слично.
Што треба да се направи?
Потребно е пациентот да дојде кај уролог, кој најпрво прави ректален преглед. Ако простата е тврда, има чворови, веројатно станува збор за канцер. Ако има инфекција, може да биде и бенигна промена, но може да биде и рак.
После прегледот потребно е д се направат тумор маркери. Се прави PSA, нормална граница е од 0 до 4. Се што е над тоа веќе е проблем. Најчестите грешки се прават помеѓу 4 и 10. Затоа треба да се направат и други испитувања: PS Velocity, PS Density, магнетна резонанца на мала карлица и на крај се завршува со оперативна биопсија на простата со која ризикот се отстранува.
Болница Неуромедика овозможува детално, прецизно и точно дијагностицирање и третирање на пацинетите преку современите технологии, принципи и пристапи на работа.
Вашиот преглед и консултација кај Проф. Д-р. Љупчо Лековски и Прим. Д-р Воислав Кајевски закажете ги на 02 3133 313.
*Интервјуто е со авторски права, направени за потребите на болницата Неуромедика. Секое неовластено преземање е казниво со закон. Доколку делумно се преземат содржините, задолжително да се наведе изворот со линк од каде е преземен текстот.