ИНТЕРВЈУ СО ПРОФ. Д-Р МИРЧЕ СИМЕОНОВ, СПЕЦИЈАЛИСТ ПО ХИРУРГИЈА И ТРАУМАТОЛОГИЈА
Проф. Д-р Мирче Симеонов е специјалист по хирургија и трауматологија, неколку години е дел од медицинскиот тим на специјалисти во болницата Неуромедика. За неговата професионална определба, одлуката да стане хирург и кариерата во Неуромедика, од интервјуто во продолжение.
Зошто медицина, зошто доктор, постоеше ли некој друга опција за која што размислувавте?
Многу идеи се раѓаат во тој период од растењето и созревањето, почнувајќи од авантури и желби како да се биде морнар, пилот, да се биде врвен спортист и нормално да се оди во друга крајност – уметник односно нешто многу блиску до уметноста – хирург. Тука би сакал да истакнам еден пример каде што се нагласува важноста на професијата: во Германија хирурзите се викаат ober arts, а англичаните пред името на хирурзите обавезно ставаат SIR. Одредени професии го дефинираат карактерот на еден човек, принудуваат да се внимава на тие принципи и да се биде способен за едно такво професионално созревање. Веројатно некаде попатно во таа младост беше еден мотив, едно персонално занимање кое едноставно ме принуди да ги почитувам човечките квалитети. На крајот на краиштата секој хирург ги поседува тие квалитети. Развојот на општеството и сето тоа од година на година, од век на век профитираат на друг начин. Затоа се одлучив да бидам лекар.
Знаевте ли што ќе бидете кога почнавте или одлуката сама се наметна со текот на времето?
Хирургијата веднаш ме привлече, конкретно динамичната хирургија, траумата токму заради својата природа. Да се разбереме, траумата не е ортопедија. Хируршката траума настанува со дејство на сила, било да е физичка, електрична, механичка. Тоа доведува до насилно нарушување на човечкиот организам кое што во зависност од обемноста на повредата ординира итно згрижување кое што треба да спаси живот, каде што одговорноста е голема. Ова ургентно згрижување трае 5 до 6 часа. Во тој период кај некои пациенти возможно е да се направи дијагностичка процедура која помага при проценка на тежината на состојбата, одредува стадиумот и на тој начин точно ќе се лоцира повредата, лезијата, оштетувањето на дел од организамот што ќе наложи одреден третман. Постојат витални органи како што е срцето, бубрезите , белите дробови, крвните садови, мозокот, кои што инсистираат многу брзо итно згрижување на настанатите биолошки нарушувања на нивната функција. Најчестото урегентно нарушување, како што кажав и погоре е од траумата.
Дали комплексноста на оваа област Ве привлече да ја одберете како Ваша специјалност?
Има една грчка изрека на старите филозофи која вели вака: Некој се фалел како на Родос од карпа висока 50 метри правел 3 салта. Филозофот рекол: овде е Родос, овде направи 3 салта да видиме. Што е поентата на приказната: Поентата на приказната е дека секаде може да биде Родос, важно е да се покаже што се знае без разлика на комплексноста.
Но, за жал во параметериве и начинот на проверка на способноста на стручњаците во својата област, тие квалитети и мерила се некако се потешко мерливи. Човечкиот организам поттикнува на ангажирање не само за она што го знаеме, туку и за работи кои што не се до крај расчленети , има многу ланци во секој систем, на било што, и болести и друг начин. Секаде фали последната алка од ланецот и на крај животот не е вечен . Секогаш ќе има стимулација поквалитетн живот, брзо лечење на пациентот. Тоа е основата на трауматолозите. Тука би ја споменал и изреката на трауматолозите која гласи вака: „Животот е движење, движењето е живот“
Тоа е голема вистина . Секој здрав човек се движи , а ако се движиш ти не си болен, ти си здрав. Тенденцијата во мојата струка – трауматологија, итната медицина е што побрзо да го вратиме организмот во првобитната состојба. Другите болести влегуваат во една група т.н старачки болести над 70 години, како и група на одредени професии. А траумата е најчесто непланирана, може да му се случи секому. Има ризични професии кои ја предизвикуваат траумата како на пример спортски активности, екстремни спортови, тури со возење па дури и стандардниот спорт – сето тоа доведува до тие несреќи. Сета таа урегенција бара од докторот кој се посветил на таа област брзо резонирање и искуство кое не се стекнува со читање книги и со седење, туку со дежурање во болница. Потребна е дирекна инволвираност во слуачите на пациенти кои доаѓаат во ургентен центар, односно целосно следење на нивната состојба од примање на пациентот па се до дијагностицирање на здравствената состојба.Потребно е да се направи проценка на болеста на случајот.
Дали чувствувавте трема, возбуда кога се сретнувате со првите Ваши ургентни случаи?
После 12 години стажант на хирургија, се прими една генерација која беше 2 до 3 години постара од мене. Јас имав среќа да влезам со таа група каде што беа доктор Савевски, доктор Угриновски и многу други денес познати докторски имиња, врвни професионалци во својата област. На тој начин се создаде една нова група во која имаше доктори од сите гранки на хирургија. Тоа беше период кога се развиваше индустријата кај нас, се отвараа фабрики што само по себе ја зголемуваше фреквенцијата на луѓе и возила, а дел од индустриските објекти влегуваа во ризична група на профеии заради тешката машинерија со која ракуваа луѓе, работа која има висок ризик од повреди. Рекреацијата како стил на живот кај луѓето почна да се развива уште повеќе, што исто така носи ризик од повреди. Сето тоа индицира соодветна медицинска помош , организација и соодветна специјализација која ќе се грижи токму за тие млади луѓе.Трауматски или хематогени состојби кои ако не се третираат може да доведат до компликации или смрт. Затоа таквата состојба бара организираност на здравството која што ќе овозможи што побрзо да се дојде до местото на несреќата, да се транспортира најсоодветно и безбедно со спремна медицинска екипа. Во трауматологијата, постојат два периода на згрижување : предхоспитален и хоспитален. Предхоспитален е да се дојде од местото на повредата до внесување во болничка установа. Тоа е наречено прво преживување. Тоа бара добра прва помош и превоз со амбулантно возило опремено со се што е потребно за преживување. Целта е да се стигне до првата медицинска стручна установа, односно траума центар со сите придружни дејности: интензивна нега, рентген, магнетна резонанца, операциони сали и се што е потребно да се згрижи пациентот. Секое пролонгирање кај повреден човек е рамно на комликации кои доведуваат до смрт.
FЗначи Вие сте во трка со времето постојано?
Токму така. Затоа ја сакав таа професија – посебно во оние моменти кога пациентот ќе го видам на нозе застанат, насмеан и ќе ме праша: Докторе кога ќе ме пуштиш да си одам дома?
Вистинско чувство на среќа кое не се опишува.
После 48 години стаж, поминале и добри и лоши моменти, но на крај се има цел за која треба да се бориш која бара знаење и жртва. Многу е важна поддршката од семејството, од сопругата, од децата, од најблиските. Поинаку не може да се постигне успех и желбата нема да може да биде реализирана.
Во еден период од Вашата професионална надградба, заминувате надвор од Македонија. Земјите каде што се усовршувате се Словенија, Хрватска, Србија и во други европски земји…
Љубљана е земја која имаше и се уште има многу напредно здравство со сите правила кои важеа од другата страна на границата – Австрија каде што материјалните можности на Словенците беа многу високи и ги имаа едни од најопремените болници во регионот. Поранешна Југолавија имаше план за натамошен третман и развивање на медицината, но многу постоечки фактори го попречуваа развојот. Тука се традицијата, која е многу важна, како и навиките и можностите на самиот народ и нивна реализација. Кога ќе се соберат сите компоненти од тој период, тешко се вклопуваат во нашите простори овде. Само за пример, на овие простори првата компјутерска томографија е донесена 1977 година, а магнетна резонанца е донесена 1980 година. Со оглед на тоа дека беа само по еден примерок, немаше пациент кој не ги употреби, и тие што имаа навистина потреба, но и тие што немаа. Во Словенија се знаеше кои случаи, кои пациенти се снимаат, кои не, се со цел да не се прави дополнителен хаос со што само се потврдува уште еднаш дека организацијата е од клучно значење.
Но за среќа, во текот на годините одевме и се уште одиме напред со приватното здравство каде што организацијата е на високо ниво, се трудиме сите да биде како што треба, посебно овде кај нас во Неуромедика каде што пациентите можат да ги направат сите дополнителни испитувања од лабораториски анализи се до рентген дијагностика и магнетна резонанца, чии резултати ги гледаат врвни специјалистички имиња како Проф. Д-р Миодраг Врчаковски, Проф. Д-р Методи Чепреганов. Посебно ме радува фактот што ние меѓу себе сите имаме соработка, што за пациентите е уште една олеснителна околност бидејќи можат да направат се на едно место. Потребите кои бараат ангажман од повеќе профили се решени во Неуромедика.
Не сакавте да останете во странство, да продолжите да работите?
Не сакав, јас сум генерација 1948 роден, така што ние си ја сакавме земјата. Обично тие што одеа надвор имаат проблем тука и сакаа да просперираат таму некаде. Југославија беше ветена земја за живот и на сите ни беше добро. Да, имаше начин да се остане во странство, се даваа стипеднии и услови, државата стоше зад нас. Јас сепак се одлучив за Македонија, имаше добри можности, сакав да основам семејство тука и затоа останав, одлука која и денес ја сметам за вистинска. Тука научив многу, имав трауматолошки случаи од секаков вид, што ми донесе големо искуство и експертиза, а сето тоа ме донесе и денес во болницата Неуромедика, каде што третираме пациенти на високо професионално ниво, токму онака како што заслужуваат.