ИНТЕРВЈУ СО МОНИКА ПОПОВСКА, ГЛАВНА МЕДИЦИНСКА СЕСТРА „Кога имате медицински бренд како Неуромедика зад себе, имате можност да бидете најдобра верзија од себе на професионален план“
Во серијата интервјуа кои што следат разговараме со вработените во Неуромедика кои имаат најдолг стаж. Зборуваме за нивните почетоци, за годините кои што поминале и што научиле од нив, за професионалните предизвици и пораката која што сакаат да ја пренесат на своите нови колеги.
Моника Поповска, главна медицинска сестра
Колку време сте дел од Неуромедика?
Започнав да работам во 2015 година. Тука сум веќе скоро 6 години. Му благодарам на Др.Емил Угриновски и целиот менаџмент што ми овозможија да бидам дел од тимот на Болницата Неуромедика и што после неколку години ми ја доверија позицијата на главна медицинска сестра.
Дали се сеќавате на чувството кога првпат започнавте да работите во Неуромедика, како беше тогаш, колку Вие се променивте низ годините?
Да, секако дека се сеќавам. Среќна бев што ќе започнам да работам во една сериозна, реномирана и успешна здравствена институција. Бев желна за нови сознанија. Возбудена дека ќе имам можност да учам од најдобрите, најуспешните врвни доктори и медицински сестри. Се променив, созреав, се надградив себеси и продолжувам по овој пат и понатаму.
Кога работата се работи професионално и посветено, неминовно е да се научи многу од истата. Дали Вашиот случај е таков, колку научивте и се надградивте себеси низ годините?
Да, навистина многу се променив и многу научив, бидејќи учев од најдобрите. Во болницата Неуромедика секогаш се работи тимски многу професионално, сите се посветени целосно на работата. Мило ми е што стигнав на позиција каде што моето искуство и знаење ќе можам да им го пренесам на помладите сестри.
Со кои врвни медицински имиња сте соработувале досега додека сте дел од медицинскиот им на Неуромедика?
Во текот на годините имав можност да соработувам со врвни имиња, специјалисти во својата област од кои научив многу, не само за работата туку и генерално во однос на пристапот кон пациентите и кон професијата. Би спомнала дел од нив кои и денес се во Неуромедика: Проф. Д-р Методи Чепреганов, Проф. Д-р Ѓорѓи Зафироски, Проф. Д-р Миодраг Врчаковски, Проф. Д-р Проф. Д-р Александар Караѓозов, Проф. Д-р Ангелко Ѓорчев, Проф. Д-р Александар Пушевски, Проф. Д-р Мирче Симеонов и многу други. Кога имате можност да научите повеќе, секогаш треба да се искористи таа можност, посебно во нашата професија каде што пациентите секогаш се на прво место. Драго ми е што сум дел од тимот на Неуромедика и што секојдневно можам моето искуство и знаење да го пренесувам на моите помлади колеги кои што допрва учат и професионално се надградуваат себеси.
Која е пораката, која би сакале да ја пренесете на идните медицински сестри и техничари?
Токму тоа што го кажав и погоре, би сакала да го дополнам на следниот начин: Болницата Неуромедика е една успешна, сериозна институција која им дава можност пред се на младите да учат, работат и да се надградуваат себеси. Кога имате еден таков медицински бренд зад себе, имате можност да бидете најдобра верзија од себе на професионален план.