Хронична обструктивна белодробна болест – ХОББ
Хронична обструктивна белодробна болест – ХОББ е група на хронични заболувања на респираторниот систем, кои се изразуваат со потешкотии во дишењето т.е опструкции на воздушните патишта кај пациенти на кои претходно им било дијагностицирано хроничен бронхитис и/или емфизем.
Хроничен бронхитис претставува продуктивна кашлица во текот на целиот ден во тек на 3 месеци, во најмалку 2 последователни години
Емфизем претставува перманентна деструкција на интералвеоларните септи и зголемување на дишниот простор во белите дробови без очигледни лузни
Светска здраствена организација
Светска здраствена организација
Според светската здравствена организација хроничната респираторна болест (ХОББ) е една од главните причини за смрт и морталитетот на глобално ниво со проекција дека до 2030 ХОББ ќе биде трета причина за смрт од хроничните болести на глобално ниво1
(World Health Statistics 2008. 2. Hurd SS and Lenfant C. Lancet 2005;366:1832–1834)
Симптоми на ХОББ
Карактеристични симптоми на ХОББ се хронична и прогресивна диспнеа, кашлица и продукција на спутум, кои може често да варираат од ден на ден.
Диспнеа: перзистентна, прогресивна, се влошува при физички напор.
Хронична кашлица: може да биде повремена и непродуктивна.
Хронична продукција на спутум: кашлицата обично е следена со искашлување.
Дијагноза и проценка: Клучни елементи
Клиничката дијагноза на ХОББ се темели врз присуство на симптомите и изложеноста на ризик-фактори.
Спирометријата е неопходна за поставување на дијагнозата. Наодот на постбронходилататорен FEV1/FVC < 0.70 говори за перзистентно ограничување на воздушниот проток, односно за ХОББ.
ХОББ е мултикомпонентна болест, а примарно место во нејзината патогенеза има инфламацијата1, 2.
- Agusti et al. Respir Med 2005
- Wedzicha et al. Resp Care 2003
Кај болните со ХОББ постои зголемен ризик за кардиоваскуларни болести, остеопороза, респираторни инфекции, анксиозност и депресивност, дијабет и белодробен канцер. Придружните болести не влијаат на третманот на ХОББ, а тие се третираат според актуелните препораки за нивно лекување.
Глобалната иницијатива за хронични опструктивни белодробни препорачува проценка на пациент со ХОББ
- Да се проценат симптомите
- Да се процени степенот на ограничување на проток на воздух со спирометрија (FEV1)
- Да се процени ризикот од егзацербации
- Да се процени присуство на коморбидитети
Егзацербација на ХОББ е:
“акутен настан што се карактеризира со влошување на симптомите поголемо од во однос на нивните вообичаени варијации и бара промена во третманот”
- Исклучително значење: ја забрзуваат прогресијата на болеста, го влошуваат квалитетот на живот, големи трошоци за дијагностика и лекување. ТЕШКИТЕ ЕГЗАЦЕРБАЦИИ СЕ НАЈЧЕСТА ПРИЧИНА ЗА СМРТ КАЈ БОЛНИТЕ ОД ХОББ.
- Клучен елемент во дијагностиката има нивната клиничка презентација – акутно влошување на симптомите (постојна диспнеа, кашлица и/или продукција на спутум)
- Цел на третманот е да се минимизира влијанието на егзацернацијата врз прогресијата на болеста и да се превенира појавата на наредна егзацербација
- ЕГЗАЦЕРБАЦИИТЕ НА ХОББ МОЖАТ ДА СЕ ПРЕВЕНИРААТ
Честите егзацербации значително ја забрзуваат прогресијата на ХОББ
Проценка на егзацербации се извршува преку
Гасни анализи: PaO2 < 8.0 kPa со или без PaCO2 > 6.7 kPa укажува на респираторна инсуфициенција
Ртг: исклучување на други дијагнози или потврда на пнеумонија
ЕКГ: детекција на придружни кардијални проблеми
Крвна слика: детекција на полицитемија, анемија, крвавење
Пурулентен спутум: индикација за емпириска примена на антибиотици
Биохемија: детекција на дијабет, електролитен дисбаланс, потхранетост
Спирометрија: не е задолжителна, пациентот често не може да ја изведе, резултатите се непрецизни
Третман на егзацербациите: опции
Бронходилататори: краткодејствувачки b2-агонисти со или без кратко дејствувачки антихолинергици
Не се препорачува примена на небулизиран магнезиум како додаток на салбутамолот
Системски кортикостероиди: го скратуваат времето на опоравување, ја подобруваат белодробната функција (FEV1) и хипоксемијата (PaO2), го намалуваат ризикот од релапси, неуспех на третманот и траењето на хоспитализацијата
80 mg преднизон/дневно во тек на 5 денови
Антибиотици
Индикации:
– Присутни сите три кардинални симптоми
– Присутни два кардинални симптоми од кои еден е промена на бојата на спутумот
– Пациенти кај кои е индицирана механичка вентилација
Избор на антибиотик:
– Емпириски – препораки за иницијален третман: аминопеницилини со или без клавулонска киселина, макролиди и доксициклин, флуорокинолони
– Според микробиолошкиот наод
Траење на антибиотскиот третман: –10 денови
Респираторна поддршка – хоспитални услови
Оксигенотерапија – Подобрување на хипоксемијата до сатурација 88-92%
Вентилаторна поддршка – Неинвазивна механичка вентилација (Non–invasive ventilation – NIV) Ја подобрува респираторната ацидоза и тежината на диспнеата, ја редуцира појавата на компликации, траењето на хоспитализацијата, потребата од интубација и стапката на морталитет
– Механичка вентилација
Животнозагрозувачки егзацербации
Доколку личноста ги има симптомите и индикациите за хоспитално лекување на егзацербациите се преминува кон истото:
- Изразено тешки симптоми
- Тешка и многу тешка постојна ХОББ
- Појава на нови симптоми и знаци во тек на егзацербацијата (цијаноза, периферни едеми и др.)
- Слаб одговор на иницијалниот третман
- Присуство на сериозни коморбидитети
- Чести егзацербации
- Напредната возраст
- Немање услови за домашно лекување
Сепак медицинскиот персонал и високо стручен кадар има за цел на третманот на стабилна Хронично респираторна болест да ги намали симптомите, да ја подобри толеранцијата на напор и погобрување на здравствениот статус. Но и да превземе намалување на ризик на превенција на прогресија на болеста, превенција и третман на егзацербации и намалување на морталитетот.
Како да се превенираат егзацербациите?
Престанок со пушење може значително да влијае на природната историја на ХОББ и треба да се направи напор да се поддржат пациентите да престанат да пушат .
Вакцинација против грип и пневмококни инфекции
Пулмонална рехабилитација
Едукација на пациентите за терапијата и начинот на инхалација
Во време кога аеро загадувањето е се почест проблем, но и според проценката на Светската здравствена организација дека 3 причинител на смрт ќе биде баш ХОББ многу е важна превенцијата и третманот на пациентите кој е комплексен и во нивното лекување треба да бидат инволвирани специјалисти кои директно треба да соработуваа во индивидуалниот третман на пациентот. Само доколку има вистинска и соодветна комбинација на третман и совет може да се влиае на успешноста на лекувањето на пациентите со хронични респораторни белодробни болести.
Проф. д-р Ангелко Ѓорчев,
Спец. пулмололог и алерголог