Грижа за женското здравје
Секоја жена која е одговорна спрема сопственото здравје ги прави рутинските годишни гинеколошки прегледи. Тоа е превентивна здравствена мерка која обезбедува сигурност во поглед на физичкото и репродуктивното здравје. Посетата на гинеколог овозможува и советување во врска со здравиот животен стил и ги намалува здравствените ризици. Годишниот гинеколошки преглед опфаќа скрининг (ПАП тест, микробиолошки брисеви), преглед на карлицата (бимануелен преглед и преглед со спекулум) и советување.
Во одделот за Гинекологија при Неуромедика, се изведуваат специјалистички прегледи од гинеколошка проблематика, консултација, дијагностицирање како и лекување.
Закажете Вашиот преглед и консултација на + 389 2 3133 313 или преку нашата платформа за онлајн закажување термин на http://bit.ly/36m8Zme