Д-Р ЖАРКО ЈАНКОВСКИ : Телото ќе не предупреди дека нешто се случува. Како да препознаеме знаци на срцев удар?
Срцевите удари се причина за голем број смртни случаи во светот. Иако не може комплетно да го предвидиме,симптомите на срцевиот удар можеме да ги препознаеме неколку часа пред да се случи несаканиот исход.
Д-р Жарко Јанковски, специјалист по интерна медицина и кардиологија во Неуромедика зборува на оваа тема.
Најчести ризик фактори за настанување на срцевите заболувања се: зголемен крвен притисок, покачен холестерол, зголемена телесна тежина, лоша исхрана, пушење, недоволна физичка активност и покачено ниво на шеќер во крвта.
Значителен број од смртните случаи се припишува на пушењето односно на тутунот, кој го зголемува ризикот од смрт од коронарна срцева болест и цереброваскуларна болест 2-3 пати. Ризикот се зголемува со возраста и е поголем кај жените отколку кај мажите. Иако неможе комплетно да го предвидиме,симптомите на срцевиот удар можеме да ги препознаеме неколку часа пред да се случи несаканиот исход.
Телото ќе не предупреди дека нешто се случува.Ако ги препознаеме знаците и на време побараме лекарска помош може да си го спасиме животот.
Ако се јави вратна болка, која пропагира кон брадата, рамењата, лактите и грбот, со потење, гадење и повраќање, најчесто се работи за коронарна артериска болест.
Болката се јавува најчесто наутро, по физичка активност, обилен оброк или кога е ладно. Локацијата на болката е зад градниот кош, таа е многу силна во интензитет и во карактер наликува на прилепување, печење или дури и расцепување во градите со времетраење повеќе од половина час.
Најважно е навремено да се реагира, 90 минути по инфарктот да добиете медицинска помош.
Како да се заштитиме?
- Контрола над крвниот притисок
- Контрола на нивото на холестерол
- Да се одржува здрава тежина
- Да се консумира здрава храна
- Редовно вежбање
- Ограничено внесување на алкохол
- Заборавете на цигарите
- Контрола на шеќерот во крвта
- Квалитетен сон