Д-р Томислав Цуцуловски, специјалист по интерна медицина е дел од медицинскиот тим на Неуромедика
Д-р Томислав Цуцуловски e специјалист по интерна медицина кој од неодамна се придружи на тимот доктори во одделот по интерна медицина. Неговата стручност и специјалност е поставена во следните гранки:
Општи интернистички прегледи и третман на интернистички заболувања
- Болести на кардиоваскуларен систем, болести на респираторен систем и болести на гастроинтестинален тракт, ендокринолошки заболувања.
- Ендоскопски прегледи на горен и долен гастроинтестинален тракт.(Езофагогастродуоденоскопија и Колоноскопија)
- Заболувајња на хранопроводот, желудни и дванаесетпалачно црево, современ третман на Х.Пилори инфекција, превенција и рана дијагностика на Карцином и преканцерозни состојби на желудник и дебело црево, современ третман при ГЕРБ.
- Третман на Гојазност
-утврдување на етиолошки фактори за гојазност.
-процена на степенот на гојазност и пропратни заболувања поврзани со гојазноста.(преку целокупен интернистички преглед, лабораториски иследувања, антропометриски иследувања како и Дензитометрија.
-третман на гојазност со нискокалорична исхрана.(Изработување на секој пациент посебен енергетски профил , пресметување на енергетскиот дефицит, одредување на дневно калориски потреби и одредување на дозволен енергетски дефицит и загуба на телесна маса )
-одржување на изгубената телесна тежина-преку обука на рззни методи за само-контрола на телесната тежина.
Доколку се соочувате со здравствен проблем од оваа притода, можете да закажете термин кај Д-р Томислав Цуцуловски на 02/313 33 13