Д-р Чагри Саде – најдобриот пластичен и естетски хирург од Турција повторно во Неуромедика
Д-р Чагри Саде е пластичен и естетски хирург од Турција. Во својата кариера има соработувано со најдобрите пластични хирурзи во Турција, а на неговата листа се наоѓаат не само клиенти од Турција, туку и од цела Европа.
Доктор Саде дипломира на Факултетот за медицина на Универзитетот во Анкара , а својата специјализација ја обавува во болницата „Шишли Етфал“ во Истанбул, под менторство на водечките имиња од областа на Пластичната и реконструктивната хирургија. По завршувањето на специјализацијата во 2001 година, има привилегија да работи и соработува со најпознатите пластични хирурзи во Турција.
Во 2002 година, се пријавува на обука во тимот на американскиот пластичен хирург Др. Шерел Џ. Астон и истата година станува дел од персоналот во Американската болница во Истанбул. Од 2019 година започнува со соработка со Болница Неуромедика каде извршува разновидни хируршки и нехируршки третмани, естетски, пластични и реконструктивни интервенции како за жени, така и за мажи.
Третмани и интервенции кои се дел од неговата експертиза:
- Ринопластика – естетски хируршки зафат на нос
- Отопластика – хируршка корекција на истакнати уши
- Секундарен хируршки зафате на нос
- Зголемување на гради
- Покревање и зголемување на гради
- Мамопластика – покревање на гради
- Намалување на гради
- Блефаропластика – хируршка интервенција на очните капаци
- Палпебрае инфериорна хирургија
- Масно вбризгување (лице)
- Ласерска/васер хи-дефо липосукција
- Целосен лифтинг на лице
- Среден лифтинг на лице
- Абдоменопластика
- Хирургија на раце
- Хирургија на фемур
- Трансплатација на коса
- Лифтинг на веѓи
- Француски лифтинг
- Аква голд третман
- Ботокс
- Полнење филер