Болницата Неуромедика влезе во црвено-црното семејство
Болницата Неуромедика влезе во црвено – црното семејство
„Од најдобрите за најдобрите” е мотото со кое болницата Неуомедика стана нов спонзор на фудбалскиот клуб Вардар.
На наше огромно задоволство, на денешната прес-конференција одржана во просториите на Неуромедика можеме и официјално да соопштиме дека успешно е потпишан договор за спонзорство помеѓу директорот на болницата Неуромедика, д-р. Емил Угриноновски и сопственикот на ФК Вардар, Слободан Крстевски.
На официјална прес-конференција присуствуваат и дел дел од воџите на стара гарда комити и навивачката група комити.
Д-р Емил Угриновски : Неуромедика е претпознатлив бренд кој се грижи за врвните проекти во Македонија од спортски аспект. Голема чест ни претставува што сме дел од „црвено-црното“ семејство и за најтрофејниот клуб во државата во престојниот петгодишен период ќе обезбедиме квалитетна и професионална медицинска грижа.
За сите клубови се навива, но ФК Вардар се сака, тоа симболизира нешто посебно за нас но и за армијата навивачи кои го бодрат клубот – Комити и стара гарда комити, поради што им отстапувам едно место во управниот одбор и заедно ќе ги бодриме нашиот клуб кон идните победи.