Клинички психолог и РЕБТ & KBT психотерапевт, придружна соработничка на Albert Ellis Institute, New York, USA
Редовен професор на Факултет за медицински науки, Катедра за психијатрија и клиничка психологија, Универзитет „Гоце Делчев“, Штип (области : Mедицинска и клиничка психологија; Психопатологија; Психотерапија). Раководител на докторски студии за студиска програма Невронауки.
Клинички психолог и РЕБТ & КБТ психотерапевт, Associate Fellow at Albert Ellis Institute, New York, USA; Европски акредитиран КБТ психотерапевт (European Association for Behavioral and Cognitive Therapy) и Национален сертификат за психотерапевт (Serbian Union of Association for Psychotherapy); Посебна лиценца за обавување на психолошка дејност во здравство (Комора на психолози на Македонија).
Долгогодишно клиничко искуствo во клиничка психодијагностика и невропсихолошка дијагностика, психолошко советување и психотерапија на Одд. за психијатрија и неврологија, Воена болница, Скопје и клинички усовршувања на Универзитетска Клиника за психијатрија и психотерапија, Нирнберг, Германија; LAPIS (Laboratory for Anxiety, Phobia & Internalizing Disorder Studies), Baton Rouge , USA.
Едукација во психотерапија :
2011 год.- Системска и семејна психотерапија, Школа за системска и семејна пракса, Алтернатива, Скопје (EAP).
2015-2020 год. РЕБТ и КБТ психотерапија, Придружен центар на Алберт Елис Институт, Њујорк, РЕБТ Центар, Белград. Прв сертифициран РЕБТ и КБТ психотерапевт во Македонија. Континуирана едукација во нови КБТ психотерапевтски правци и модули (Дијалектичка бихејвиорална терапија, ЕМДР терапија, Шема терапија). Во тек усовршување на напредно ниво на детска клиничка психодијагностика, Загреб и напредно ниво на невропсихолошка дијагностика во Белград.
2009 – 2015, Втори докторски студии од Клиничка психологија и Психопатологија, Доктор по психолошки науки, Универзитет во Белград
Научни студиски престои и усовршувања на универзитетите во : Батон Руж, Белград, Копенхаген, Лувен, Рим, Марибор, Самара, Загреб, Нирнберг, Бамберг, Њујорк.
Над 100 научни трудови од психопатологија и психотерапија, објавени во референтни научни списанија; автор на учебници и научни монографии; стручен редактор на научни книги, раководител на меѓународни проекти. Поканет предавач на меѓународни конгреси, конференции и универзитети со трудови-научни истражувања од психопатологијата и психотерапијата.
2007-JFDP Alumnа, Постдокторско усовршување во САД, Визитинг професор на Louisiana State University, Baton Rouge, Детска и адолесцентна клиничка психологија и Развојна психологија и психопатологија.
2002-Доктор на психолошки науки, Развојна, социјална и Клиничка психологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, Скопје .
Додипломски и постдипломски студии од психологија и применета психологија, Универзитет „Св. Кирил и Методиј, Скопје.
Член на Национална комисија за унапредување на ментално здравје, Министерство за здравство
Национално стручно контакт лице на СЗО за ментално здравје
Член на меѓународни угледни психотерапевтски професионални асоцијации (ЕABCT, АCBTS, SUAP, Associate Fellow at Albert Ellis Institute, New York, USA).