Проф. Д-р Мед.Сци. Александар П.Караѓозов
Општ и дигестивен хирург
Тел: 02 3133 313 / 071 387 098/ 071 209 553
E-mail: neuromedica@neuromedica.com.mk / dr.karagjozov@neuromedica.com.mk

Образование и работно искуство

Основно и средно образование завршува во Скопје

Медицински факултет запишува 1971/72 година, на Универзитетот, „Св. Кирил и Методиј “ во Скопје

  • 1980 година – Завршува студии
  • 1980 година служи воен рок
  • 1980година се вработува на Клиниката за хируршки болести на абдоминална хирургија
  • 1985 година е избран за помлад асистент на Медицинскиот факултет во Скопје
  • 1986 година е избран за постар асистент на Медицинскиот факултет во Скопје
  • 1986 година, на 30.04 положува специјалистички испит по општа хирургија положил
  • 1997 година докторира на тема „Дијагностичко терапевтски постапки кај Тапата абдоминална повреда- ТАП“
  • 1997 година станува доцент по хирургија при Медицинскиот факултет во Скопје
  • 2001 година, на 12.06 положува субспецијалистички испит по Абдоминална хирургија
  • 2002 година станува вонреден професор при Медицинскиот факултет во Скопје
  • 2007 година станува редовен професор при Медицинскиот факултет во Скопје
  • Од 1998-2020г шеф на Колопроктологија на Дигестивна хирургија на Медицински факултет
  • Во два циклуса Директор на Клиниката за Дигестивна хирургија со вкупен стаж од 16,5година, се до ноември 2018година
  • 2020 година – дел од медицинскиот тим на Неуромедика

 Лична биографија

Роден 10.12.1952 г. Скопје во докторско семејство, татко Проф. Д-р. Панче А. Караѓозов редовен професор по хирургија на Медицинскиот Факултет во Скопје, еден од бардовите на хирургијата во Македонија и еден од  основоположниците на Медицискиот факултет во Македонија. Дипломирал мед. фак во Грац и Виена-Австрија 1929г. Специјализирал хирургија во Белград. Го формирал неурохируршкиот оддел, трауматолошкиот оддел на Медицинскиот Факултет во Скопје, абдоминален хирург,, и еден од основнополжниците на Средното медицинско училиште. По негов епоним е именувано средното медицинско училиште “Проф .Д-р. Панче Караѓозов”, Ургентниот хируршки центар, Медицинскиот центар во Штип, како и населба и улица во Штип.

Мајка Иванка Караѓозова сестра инструментарка и инструкторка во средномедицинското училиште, учесник во НОБ. 1970г после смртта добитничка на најголемото одликување од швајцарскиот Црвен Крст  „Флоренс Најтингел “, како прва сестра од тогашната СФРЈ заедно со Славјанка Влахчева.

Оженет, Родител на две деца, ќерка Иванка – доцент на Институтот за Физиологија, син Панче абдоминален хирург на дигестивна хирургија. Моментлно во пензија, но уште активен во ПЗО.

Приватно се занимава со разни спортови, пливање, планинарење, но од својата 14година е еден од зачетниците на Карате спортот во Македонија – 1967-та год.. Прв Младински репрезентативец во Југославија 1971г од РМ, Претседател на Судиската комисија на КСЈугославија од 1975-1885г,и прв меѓународен судија во карате од Македонија во тогашната ЕКФ. Припаѓа на генерацијата која го етаблира каратето како спорт, формирала Градски сојуз, прва и втора градска лига, Карте сојуз на Македонија, прва и втора репуибличка карате лига, прва и втора сојузна југословенска карате лига, сите основани и започнати во Македонија.

Објави и трудови

Стручната и научна кариера ја започнува на Хируршките клиники. Како автор и коавтор се јавува на преку 82 научни и стручни трудови. Дел е од стручни престои во Германија, 4 пати од кои еднаш како стипендист на германската влада ДААД 4 месеци,за трансплантација на црн дроб и хепатална хирургија, во Љубљана како предавач на последипломски семинар, во Австрија во АКХ за хепатобилијарна хиругија со лапароскопски пристап. Постојан учесник и член на коло-проктолошкиот конгрес во Србија од 1996-до денешен ден 2020г, член на Европското здружение на хирурзи,  член на МЛД и Лекарската комора на Р. Македонија. Активен учесник-презентер на Светскиот конгрес на хирурзи во Милано 1990г, ( Хируршки третман на Мега-долихоколон кај возрасни), На колопроктолошките европски конгреси во Белград,( Муцинозни адено-желатинозни тумори на ректумот,  Параректални вродени цисти, хируршки третман), на Европското здружение на хирурзи Тенерифе (Хематолошки индикации за спленектомија) ,Автор на попглавието за абдоминална хирургија во книгата СОВРЕМЕНА ДИЈАГНОСТИКА И ЛЕКУВАЊЕ -2000, Постојан презентер на стручни предавања на студентските конгреси по медицина од1985- 2020г ) , ментор на повеке од 30 студентски-семинарски трудови, ментор на 11 завршни  специјалистички трудови , ментор на 4 магистерски трудови и 3 докторски студии, како и многубројни предавања на хируршки и гастроентеролошки секции.