Забен камен – проблеми што може да ги предизвика, третман и препораки за одржување на оралната хигиена
Пишува: Д-р Наташа Доргут Трајковска, доктор по стоматологија
Забниот камен претставува тврда структура фиксирана брз забите, која не може да се отстрани сама. Чистењето со остри предмети во домот не е дозволено, бидејќи може да дојде до оштетување на забите и непцата.
Неправилната техника на четкање на забите, води до таложење на забни наслаги. Присуството на плунка во устата води до минерализирање на овие наталожени по забите меки наслаги и создавање на цврсти наслаги(забен камен). Забниот камен може да се лоцира над непцата на забот(супрагингивално) и тој е видлив со око од страна на пациентот и под непцата на забот(субгингивално), прилепен за вратот и коренот на забот.
Забниот камен цврсто прилепувајќи се за структурата на забот ја оневозможува правилната хигиена во устата, а дополнително претставува и резервоар на бактериски токсини и нови наслаги.На тој начин доаѓа до надразнување на непцата,кои стануваат црвени и отечени. Тие почнуваат да крварат при четкање на забите или спонтано,односно веќе се развива гингивитис(воспаление на гингивалниот сулкус).Доколку се занемари оваа состојба,процесот се продлабочува, се создаваат длабоки пародонтални џебови,во кои се собираат дополнително наслаги и пополека се уништува потпорниот апарат на забот(парадонтоза).
Забниот камен се чисти професионално од страна на вашиот стоматолог. Методот е едноставен, безболен и доволна е само една посета, два пати во годината.
За да не дојде до несакани последици од забниот камен,ве советуваме за редовна и правилна орална хигиена како и редовни контроли на стоматолог.
Од 10 октомври до 10 ноември, во нашата клиника имаме промотивна акција за чистење на забен камен. Јавете се на телефонскиот број 02/313 33 13 да закажете термин за преглед и интервенција – чистење на забниот камен.