На секои 40 секунди, некој го губи животот со самоубиство!
Светски ден за заштита на менталното здравје
Денес, Светската Здравствена Организација во „40 секунди акција“ апелира за подигнување на свеста за обемот на самоубиства низ целиот свет и улогата што секој од нас може да ја игра за да помогне во спречување на тоа.
Светскиот ден на менталното здравје на глобално ниво се одбележува на 10 октомври. Првпат е воведен во 1992 година, по иницијатива на Светската федерација за ментално здравје. Денеска, во оваа кампања учество земале повеќе од 150 држави.
Оваа година во фокусот на одбележувањето е превенцијата од самоубиства. Минатата година мотото беше „Младите луѓе и менталното здравје го менуваат светот“, додека во 2017 целта беше унапредување на менталното здравје на работното место.
Според податоците со кои располага СЗО, годишно околу 800.000 луѓе извршуваат самоубиство, а процентот е најзастапен кај возрасната група меѓу 15 и 29 години. Често е последица на насилство, незадоволство, злоупотреба, малтретирање и сајбербулинг.
Менталното здравје и благосостојбата се од фундаментално значење за нашата колективна и индивидуална способност како луѓе за да може да мислат, чуствуваат , да комуницираат едни со други, да работат, живеат и уживаат во животот. Менталното здравје директно го поткрепуваат основни човечки и општествени вредности на независност, мисла и акција, среќа, пријателство и солидарност. Врз основа на ова, промоција, заштита и реставрација на менталното здравје може да се смета како витална грижа на поединци, заедници и општества ширум светот.
Самоубиството и неговата превенција е глобален проблем на кој работат голем број лекари, научници, организации и семејства во кои се случил таков настан. Тие наоѓаат начини како да допрат и до лицата кои се во потенцијална опасност, но и да ги изменат предрасудите и стигмите во кои општеството е заглавено.
Разговорот со стручни лица не би требало да претсавува табу тема. Секоја личност на поинаков начин се справува со одредени ситуации и сосема е нормално да има потреба од стручна помош за одржување на своето ментално здравје. Но состојбата во Македонија е поинаква, секое одење на психолог или психијатар се смета за табу и затоа ги охрабуваме лицата, и блиските да побараат помош во решавање на проблемите на своите блиски.
Еминентниот проф. д-р. Методи Чепреганов, невропсихијатар, д-р. Виолета Крстевска, невропсихијатар, д-р Симеон Могилевски, специјалист по психијатрија и Зоран Костов, психолог во Болница Неуромедика се стручниот тим кој ви стои на располагање за преглед и третман!
Закажете го прегледот на 02 3133 313 или 075 402 000