Најсовремени принципи, методи и пракса во третирање на наједноставните до најсложени трауматолошки случаи
Интернационално докажан трауматолог Д-р. Владимир Сенекович го комплетира тимот на Одделот за ортопедија и трауматологија на 5ти и 6ти декември во Болница Неуромедика
Потребата за континуирано растење и оддржување на нивото на стручен медицински тим на Болница Неуромедика се докажува и со новата соработка со еден од најдобрите интернационални хирурзи трауматолози, чија работа и достигнување се препознаени од голем број на високо образовни медицински установи и болници во Европа и светот.
Д-р. Владимир Сенекович, специјалист трауматолог, има докажано повеќедецениско искуство во хирургијата со решавање и на најсложените случаи во ортопедијата и трауматологијата, посебно артроскопската хирургија и третман на повреди на зглобовите, лигаментите, менискусите како и сите останати спортски повреди.
Своето образование го добива во Словенија, но и од голем број на светски установи од каде ги применува знаењата и искуствата за трауматологија во секоја од своите операции и интервенции.
Во својата богата професионална биографија, д-р. Владимир Сенекович е раководител на оддел за трауматологија, советник во Министерство за здравство на Словенија, член на Словенски и интернационални асоцијации за трауматологија, гостин говорник на голем број стручни конференции во Словенија и во странство. Поседува 4 лиценци за работа, словенечка (матична), хрватска, англиска и сега преку соработката со Болница Неуромедика и македонска лиценца.
Во Болница Неуромедика, д-р. Владимир Сенекович ќе биде дополнување на тимот на ортопеди и трауматолози, проф. д-р. Мирче Симеонов, специјалист ортопед и трауматолог и д-р. Марија Јакимова, специјалист ортопед, при Одделот за ортопедија и трауматологија, каде ќе се извршуваат сите прегледи, консулатции интервенции и операции за сите домашни и странски пациенти.
Д-р. Владимир Сенекович во Болница Неуромедика на 05.12 (четврток) од 18 до 20 часот ќе ги извршува сите прегледи додека пак на 06.12 (петок) од 8 до 10 часот наутро ќе извршува прегледи а потоа сите закажани интервценции.
Искусната хируршка екипа на Одделот за ортопедија и трауматологија ги изведуваат сите хируршки интервенции, од наједноставни до најсложени. Интервенциите се вршат во модерни и современо опремени сали со најсовремена опрема и инструменти, во асептични услови и притоа се користат најсовремени средства за стерилизација и дезинфекција, се со цел обезбедување на оптимална заштита од инфекции на пациентите и здравствените работници.
Пред и по оперативните зафати пациентите се сместени во соби и апартмани кои се луксувзно опремени со најсовремени кревети и апарати се со цел побрзо и подобро опоравување.
За да ја закажете вашата консултација и преглед кај д-р. Владимир Сенекович јавете се на 02 3133 313 или на neuromedica@neuromedica.com.mk за 05.12 (четврток) од 18 до 20 часот кога ќе ги извршува сите прегледи или пак на 06.12 (петок) од 8 до 10 часот наутро ќе извршува прегледи а потоа сите закажани интервенции.