Неуромедика со амбуланта во фабриката Дрекслмаер Куманово – здравствена грижа за над 2500 вработени!
Во соработка со најголемиот странски работодавач во државата – фабриката Дрекслмаер Куманово, Неуромедика отвори сопствена амбуланта во склоп на фабриката, со цел навремена и континуирана здравствена поддршка за вработените.
Тимот од 9 медицински лица – лекари и медицински сестри – секојдневно е на располагање за:
🔹 Укажување на итна медицинска помош и интервенции
🔹 Транспорт при ургентни состојби
🔹 Редовни лекарски прегледи
🔹 Апликација на терапија
🔹 Други потребни здравствени услуги