ДЕГЕНЕРАТИВНИ ЗАБОЛУВАЊА НА ЗГЛОБОВИТЕ – Проф. Д-р Миодраг Врчаковски
Ова е состојба на која ретко се мисли, а често ја сретнуваме. Се нарекува и Псеудотумор церебри бидејки дава симптоми на мозочен тумор, а не се работи за тоа.
Станува збор за покачување на притисокот на мозочната течност од непозната причина.
Најчесто се работи за помлади пациенти со зголемена телесна тежина, на возраст од 20 до 50 год..
Симтомите се неспецифични: главоболка, гадење, повраќање, зуење во ушите и проблеми со видот кои можат да доведат и до слепило.
Невролошкиот преглед по правило е сосема уреден но офталмолошкиот преглед може да покаже оток на очните нерви и да сугерира присуство на мозочен тумор.
За точна дојагноза неопходно е да се направи Магнетна Резонанца на мозокот.
Таа покажува дека мозочните комори се потесни, дека хипофизата е вдлабната,со смален волумен, дека отичките херви се извиткани а ликворните простори околу нив се проширени. Може да се забележи и набабреност на папилите на очните нерви.
Помалку искусен неврорадиолог можно е овие промени воопшто да не ги регистрирас во извештајот од магнетната резонанца, бидеки главните мозочни структури се уредни.
При оваа состојба неопходно е да се направи и МР венографија, приказ на одводните мозочни вени бидејки најчеста причина за болеста е стеснувањето на венскиот отвор и зголемен притисок во мозочниот венски систем.
Состојбата дефинитивно се потврдува со правење на лумбална пункција и мерење на ликворниот притисок кој не смее да биде над 20 мм.
Лекувањето се состои во поригорозна диета кај подебелите пациенти, давање на медикаменти кои го намалуваат создавањето на мозочна течност и го намалуваат нејзиниот притисок (Ацетазоламид или Диамокс), а кај потешките состојби со стентирање на стеснетите мозочни вени.