Неуромедика беше спонзор на 45тиот Интернационален Медицински Научен Конгрес, организиран од Македонската Медицинска Студентска Асоцијација
Болницата ‘Неуромедика’ беше горд спонзор на 45-иот Интернационален Медицински Научен Конгрес, организиран од Македонската Медицинска Студентска Асоцијација, кој се одржа во периодот од 24 до 27 Мај во Хотел Силекс, Охрид. Со учеството на преку 300 учесници од различни држави, овој настан се претстави како важна платформа за размена на знаења, искуства и идеи во областа на медицината.
Во рамките на конгресот, ‘Неуромедика’ постави значаен акцент на поддршката кон научната заедница и развојот на младите медицински професионалци. Со оваа цел, беше издвоена сума од 300 евра како награда за учесниците кои ги освоија третите места во категориите за презентации на случаи, усни презентации и постер презентации.
Горди сме што имавме можност да го поддржиме овој настан и да придонесеме кон развојот на идните медицински професионалци. Честитки на сите победници и учесници! Продолжете со посветеност и страст во вашето научно патување.