ПРОЛЕТ – ВРЕМЕ Е ЗА БУДЕЊЕ, ЗА РЕГЕНЕРАЦИЈА НА КОЖАТА И ПРЕВЕНЦИЈА ОД АЛЕРГИИ
март 28, 2023Новости
Пролет – време е за будење од зимскиот сон, а со тоа треба да ја разбудите вашата кожа. Со доаѓањето на пролетта се полека се буди и расцветува. Имаме повеќе сонце и убаво време.Топлото време и зголемената влажност на воздухот допринесуваат за зголемено потење и зголемена продукција и лачење на себум од масните клетки, а со тоа може да дојде до влошување на веќе постоечките дерматолошки состојби како што се акни, розацеа, егземи, псоријаза.
Еден од најголемите проблеми е исто така и сувоста на кожата, зголемена иритација и чешање.
Пролетта е време кога има зголемување на каснувања од инсекти и крлежи.
Зголемувањето на тревни и поленски алергени во воздухот може да влијае на вашите синуси и да доведе до респираторни алергии, но исто така влијае и на вашата кожа. Ако ве мачи зголемено чешање, осипи и црвенило на кожата вистинскиот причинетел може да биде од алергиска природа. Појавата на алергиски контактни дерматити е доста зачестена на пролет.
Внимавајте дали вашите симптоми се влошуваат при престој на отворено.
При секоја појава на нови кожни промени или влошување на веќе постоечките дерматози препорачуваме постета на дерматолог за навремена и брза дијагностика и третман.
ПРЕВЕНЦИЈА ОД АЛЕРГИИ
Тестираме 13 најчести алергени преку Prick метода на кожни тестови (полен од дрва, тревен полен, коров, амброзија, тутун, грини, домашна прашина- Dermatophagoides, габи и мувла, животински влакна, пердуви, влакна од мачка, влакна од куче, алерген од пчела/оса, плевел/коров).
Консултација и читање на резултатите од страна на нашиот дерматолог.
Консултација и читање на резултатите од страна на нашиот дерматолог.
НЕГА НА ЛИЦЕ
Во текот на зимата доаѓа до натрупување на слој на стари, оштетени и мртви епидермални клетки на нашата кожа, особено на лицето.
Дали вашата кожа изгледа изморено и дехидрирано?
Дали сте задоволни од изгледот и тонусот на вашето лице?
Редовно миење и чистење на кожата, ексфолијација, употреба на лесни хидратантни креми, користење на креми со заштитен фактор СПФ 50+ , конзумирање на овошје и зеленчук и хидрирање со зголемен внес на вода и течности може да допринесат за освежување на вашата кожа.
За повеќе совети посетете ја НЕУРОМЕДИКА за да пробаме да и го вратиме природниот изглед и сјај на вашата кожа. За израмнување на фини брчки, враќање на тонусот, еластичноста и цврстината на кожата на вашето лице нудиме ласерски третмани. Ласерскиот третрман стимулира продукција на колаген кој ја подобрува текстурата и цврстината на вашата кожа, ги брише брчките, лузните од акни или хируршки зафати, пигментациите, со цел подмладување, природна, цврста и мазна кожа.
• BIOPIXEL – fractional and surgical CO2 laser се употребува за подмладување и регенерација на кожата, суперфициелен пилинг, редукција на фини и длабоки брчки, бришење на пигментни промени и промени настанати од сончево оштетување, редукција на лузни и лузни од акни, го изедначува тенот на кожата и репарира секаков вид на кожни оштетувања.
• Третманот со BIOPIXEL – fractional and surgical CO2 laser е неинвазвеин, ефикасен е на секој тип на кожа, и преку отстранување на надворешните оштетени слоеви на кожата дава одлични и долготрајни резултати.
• BIOPIXEL – fractional and surgical CO2 laser е современ, ергономски и екстремно софистициран ласер, кој припаѓа на новата генерација на CO2 фракциони ласери кои користат нов фракционен систем на емисија со цел да се обезбеди деликатен и високо ефективен третман со максимална редукција на болката и значитално намалено време на опоравување.
• Со само неколку апликации и во краток временски рок BIOPIXEL ласерот гарантира одлични резултати при третман на различни кожни промени и лезии осебено во пределот на лицето.
• Употребата во дерматохирургијата во третман и ексцизија на разни кожни промени како себороични кератози, кожни привезоци и израстоци, брадавици, папиломи, кондиломи и ред други е секако значителна.
За да закажете преглед јавете се на брзиот број 13 301, работиме 24/7.