Д-р Елизабета Миланова: Карциномот на грлото на матката е меѓу најголемите причинители за смртност, а спаѓа меѓу најлесните за превенција!
Во дел од развиените земји, јануари е определен како месец кога се подига свесноста за спречување на карциномот на грлото на матката. Иако ваквата акција влече корени од програмата на американската асоцијација за сексуално здравје, додека во Европа се организира „недела за превенција на карциномот на грлото на матката“, ние во „Неуромедика“ сакаме да Ви обрнеме внимание за потребата од континуирана грижа по ова прашање.
Во минатото објавивме поопсежен текст за ХПВ (Human Papilloma Virus) кој е поставен на нашата веб-страна, но секое потсетување придонесува за здравјето на овој Ваш орган и го намалува бројот на проширени, неоперабилни или недостапни карциноми за третман. Ова сериозно заболување е четврто по ред како причинител за смртта на жените во светот.
Карцином на грлото на матката е ХПВ заболување и е мошне значајно рано да се открие неговото присуство, неговиот тип (високо-ризичен или ниско-ризичен). Ваквиот превентивен преглед се прави со земање брис по ПАП или брис за типизација, што ќе ја одреди потребата од третмани. Само терапијата со таблети (виростатици) не може само да го запре понатамошното активирање на вирусот со зголемување на системскиот имунитет.
Во зависност од типот на ХПВ се прави колпоскопија и испитување на оштетеноста на ткивото кое било инфицирано на грлото на матката. Моите зборови нека бидат потсетник за меѓусебно да проговорите за Вашиот последен наод на ПАП тестот, односно кога последен пат сте направиле испитување.
Со идеја дека ниедна жена во Македонија не треба да почине од карцином на грлото на матката, кога веќе се знае причинителот и начините на сопирање на развојот на болеста, „Неуромедика“ дизајнираше комплетен гинеколошки пакет кој вклучува комплетен преглед, ПАП тест, колпоскопија и ехо.
Цената на овој пакет е значително пониска отколку кога сите услуги би се наплатувале поединечно и изнесува 6.000 денари. Овој пакет е достапен преку целата година за да се води сметка за гинеколошкото здравје во континуитет, а јануари да биде само потсетник за нашата свесност околу важноста на ова прашање.
Со почит и грижа, Ваша М-р Д-р Елизабета Миланова
Специјалист гинеколог-акушер