Конжна Инфекција – Лавра Мигранс
Кутана ларва мигранс е лезија предизвикана од перкутана пенетрација и миграција на ларви на различни паразити (нематоди).
Епидемиологија: јајца на паразитите се наогјаат во песок, земја, влажна и темна средина. Тие се изведувват во ларви кои пенетрираат во кожата.
Ризични групи:
– земјоделци
– градинари
– стоцари
– риболовци или капачи
– деца (игралишта и плажи)
Кожните промени започнуваат неколку часа пo пенетрација на ларвата во кожата обично пропратени со јадеж. Клиничката слика е потполно развиена по неколку дена до неколку месеци после инфестација, кога ларвата почнува да мигрира. Клиничката слика оди со серпингинозен еритем, папули или везикуларни линеарни лезии што кореспондираат со движење на ларвата под кожата.
Презентација на наш случај:
Пациентот е маж на возраст од 38 г. По професија е сточар. Првата промена била убодна папула во предел на вратот левострано пропратена со јадеж. (оправдана при екстензивна инфекција)
Во нашиот случај, пациентот го третиравме со течен азот еднократно и кортико препарати локално.
После четири дена пациентот дојде во нашата амбуланта со потполно развиена клиничка слика. Видливи беа еритематозни, серпингинозни, тунеловидни, линеарни промени со различна широчина од 1-3 мм.
Локализација: рамен појас и престернална регија лево.
Дијагноза: Се базира на клиничката слика (ларвите тешко може да се најдат во кожата а дијагнозата може да се потврди серолошки).
Диференцијална дијагноза:
– фитофотодерматитис и др. фотодерматози
– еритхема мигранс во склоп на Лѕме дисеасе
– гранулома аннуларе
– тинеа
Тек и прогноза: Болеста е самолимитирачка. Ларвите умираат за 4-6 недели. Прогнозата е добра. Можна е појава на бактериска инфекција и целулитис.
Терапија – симптоматска
-кортико препарати под оклузија (локално)
-антихелминтици орално ( системска терапија оправдана при екстензивна инфекција)
-црѕотерапија
Во нашиот случај пациентот го третиравме со течен азот еднократно и кортико препарат локално.