Општа анестезија во Стоматологијата
Најголем дел од стоматолошките интервенции се изведуваат со локална анестезија или без нејзе. Сепак постојат состојби чии интервенции се изведуваат под општа анестезија во стоматологијата. Употребата на општа анестезија во стоматологијата стана секојдневие во 21 век. Основна индикација за примена на општа анестезија:
– Сложени орално-хируршки интервенции кои се трауматски за пациентите,
– Mултипна екстракција на повеќе заби,
– Алергија на локални анестетици,
– Силно изразен страв од стоматолошки интервенции,
– Мали деца кои не соработуваат,
– Како и лица со посебни потреби
Високо професионален и стручен тим во болницата Неуромедика ви овозможува извршување на сите стоматолошки и орално-хируршки интервенции под општа (целосна) анестезија.
Пред операцијата, пациентите се прегледуваат и подготвуваат од доктор анестезиолог, доктор стоматолог и доктор орален хирург, со цел прецизно одредување на општата здравствена состојба и оралната состојба на пациентот. По добиена согласност од медицинскиот тим се започнува интервенцијата.
Откако ќе се успие пациентот започнуваме со целосно санирање на забалото, започнувајќи со професионално чистење на забни наслаги и забен камен, потоа поправање на сите кариозно деструирани заби и на крај вадење на сите деструирани и инфицирани заби. По завршување на интервенцијата пациентите се префрлаат во дневна болница за неколку часовно набљудување од медицински тим, а потоа ја напуштаат болницата.
Примената на општата анестезија кај лица со посебни потреби значително ја олесни работата во Стоматологијата. За неколку часа пациентите си заминуваат со целосно санирана устна шуплина, кое во нормални услови требало да се санира со месеци, и сепак впечатокот кон стоматолошката ординација останал позитивен за самите пациенти. Направете го правилниот избор-болница Неуромедика.