Неуромедика гламурозно го прослави јубилејот 30 години
јуни 9, 2022Uncategorized @mk
Вчера, 8 јуни, го прославивме јубилејот 30 години постоење на нашата болница Неуромедика. На настанот имаше повеќе од 2000 гости, а посебен шарм на настанот даде актерот и водител Сашко Коцев. За забавата и супер расположението се погрижија балканската ѕвезда Саша Матиќ со неговиот бенд и бендот Тринити Стрингс.
Обраќање имаше нашиот Генерален менаџер, Д-р Емил Угриновски, кој лично им се заблагодари на гостите за присуството на овој голем настан и се наврати на предизвиците со кои се соочувала болницата во изминатите 30 години, а истовремено го изрази своето уверување дека успесите на болницата ќе продолжат и во иднина.
“Особено сум горд и среќен на јубилејот 30 години Неуромедика. Да се основа и да се развива прв приватен здравствен бренд во Р. Македонија не беше лесно. Да се опстои 30 години на врвот во македонското и регионалното здравство е резултат само на напорна работа, посветеност, континуирано инвестирање во нашите капацитети и во напредна медицинска апаратура и секако, можеби и најважно, ангажирање на најдобрите доктори и медицински кадар. Неизмерно сум благодарен на нашите вработени, бидејќи заедно секојдневно им помагаме на илјадници пациенти и заедно сме го изградиле брендот Неуромедика да бидеона што е денес.” – истакна Д-р Емил Угриновски.
На свечениот настан награда за животно дело му беше доделена на најпознатиот неврохирург во регионот Проф. Д-р Јовица Угриновски, за неговата идеја, реализација и посветеност кон развојот на Неуромедика. Неговиот придонес во здравството е неизмерно, а бројот на пациенти на кои со своето знаење и искуство им помогнал е огромен!
Особена чест и задоволство ни пружија огромениот број на гости од земјава и странство, меѓу кои познати, еминентни доктори, медицински лица, бизнисмени, луѓе од шоу бизнисот и наши пријатели и соработници.