Од целиот тим на Неуромедика, Среќна Нова година и божиќни празници!
Се наоѓаме на прагот да испратиме уште една тешка, пандемична година, година во која Ковид 19 повторно ја задржа главната улога, но на некој начин нѐ поврза, ни покажа дека сите треба да се држиме заедно и во најтешките мигови ни ја покажа тежината на човечноста.
Како и изминатата, така и 2021 година акцентот беше и се уште е ставен на приватните болници кои беа и се двигатели на здравствениот систем, што се покажаува дека во Македонија навистина има квалитетни приватни здравствени установи кои навистина може да го издржат секој наплив на зголемен обем на работа со пациенти и позитивно да одговорат на поставените предизвици.
Неуромедика е првиот приватен медицински бренд во Македонија кој веќе 30 години работи на полето на современа и напредна здравствена заштита. 30 години искуство поминати низ константен раст и развој, и стремеж да се достигне врвнa здравствeна нега и беспрекорни услови за лекување на нашите пациенти. Особено сме посветени на квалитетот на медицинскиот кадар кој претставува главен извор на доверба во очите на граѓаните. Брзата реакција, високостручниот тим, современата апаратура и најсовремените пристапи при дијагноза, третирање и водење на состојби се параметрите по кои се водиме.
2021 година донесе бројни соработки, со цел квалитени и професионални медицински услуги за секого. Посебен акцент од нашата работа е ставен на современата дијагностичка медицинска апаратура и комплетната 24 часовна медицинска услуга со вклучена домашна посета и санитетски транспорт од страна на нашите медицински екипи. Нашиот тим на лекари е 24 часа, 7 дена во неделата активен и достапен за Вашата здравстената заштита.
Во текот на целата година остваривме бројни домашани посети како од општа пракса и специјалистичка служба, така и рентген дијагностика на сите Ковид- 19 позитивни пациенти и нормално санитетски транспорт во и надвор од Македонија.
Во партнерство со странска авионска компанија, преку специјален лет, Неуромедика е прва и единствена болница која овозможува авионски, медицински транспорт на пациенти низ целиот свет проследен со медицински тим од професионалци подготвени да се соочат со сите предизвици. Нашиот стручен и професионален медицински тим сороботува и со искусни доктори и надвор од Македонија.
Воспоставивме соработка и со ДСМУ Д-р Панче Караѓозов каде што младите ученици во склоп на образовниот процес, својата практичната настава и феријалната пракса ќе имаат можност да ја извршуваат во приватната болница Неуромедика и да бидат вклучени во работните процеси на болницата,со цел – посовремен и поквалитетен образовен процес за ученици и квалитетно едуциран медицински кадар во иднина.
Неуромедика е претпознатлив бренд кој се грижи за врвните проекти во Македонија и од спортски аспект. 2021 година станавме дел од „црвено-црното“ семејство и за најтрофејниот клуб во државата, фудбалскиот клуб Вардар, во престојниот петгодишен период ќе обезбедиме квалитетна и професионална медицинска грижа.
Меѓутоа тука не застануваме. Ветуваме за 2022 година побројни соработки за подобрување на здравствениот систем и услугите.
Кога стрелките ќе се спојат на 31 ви декември, Ви поскауваме мигови исполнети со сите радости што ги носи празничната сезона.
Новата година нека Ви донесе пред се ЗДРАВЈЕ, среќа, радост и просперитет!
Од целиот тим на Неуромедика,
Среќна Нова година и божиќни празници!