Неуромедика, дел од навивачката химна за ракометната репрезентација
декември 27, 2021Uncategorized @mk
„Европско од сон“ е новата навивачка песна, но овој пат создадена од најверните навивачи на македонската ракометна репрезентација и наменета за навивачите.
Најверните навивачи на македонската ракометна репрезентација денеска ќе снимаат химна за претстојното Европско првенство. Видео спотот се снимаше на три локации, во болницата Неуромедика, пред салата Борис Трајковски, во студиото ,,Подрумот,,.
– Со задоволство прифатив да бидам спонзор на првиот и единствен проект досега во нашата земја, навивачка химна за ракометната репрезентација, во која пеат и учествуваат само навивачи. Мислам дека ова ќе биде поттик за ракометарите да го дадат максимумот на теренот, а навивачите од сите наши градови и села како и од дијаспората со елан и задоволство да ја пеат не само додека трае првенството туку и потоа. Секој од нив ќе се препознае во спотот и во песната без разлика дали седи на трибина или покрај малите екрани. Бидејќи Македонија се сака без разлика каде и да си – вели Д-р Емил Угриновски директор на болницата Неуромедика и носител на проектот, кој речиси три децении ги следи настапите на македонските ракометни репрезентативци на европските и светските првенства.