Се што треба да знаете за ХПВ вирусот. – М-р Д-р Елизабета Миланова
Инциденцата на сексуално преносливи инфекции е висока, без оглед на можноста за успешно дијагностицирање и лекување. Најранлива е популацијата на сексуално активни луѓе на возраст под 25 години, што сочинува 60 % од пациентите. М-р Д-р Елизабета Миланова, гинеколог во Неуромедика објаснува за ХПВ вирусот, кој се почесто се активира кај девојките, како се пренесува и која е терапијата.
Што е ХПВ?
ХПВ е најчесто сексуално преносливо заболување. Долги години станува збор за светска пандемија која ги зафаќа во најголем случај клетките на грлото на матката, на вагината, вулвата и пенисот кај младите кои се сексуално активни. Во зависност од неговиот тип, ХПВ навлегува во клетката домаќин и како паразит ја става во своја служба. Taa почнува да создава протеини кои ќе го поткрепат размножувањето на вирусот во афектираното ткиво.
На тој начин се создаваат познатите CIN 1, CIN 2, CIN 3 промени како и карциноми. Одговорот на клетката може да биде различен, во најдобар случај може да ги отфрли нападнатите клетки, а во налош случај, доколку на време НЕ БИДЕ детектиран да предизивика сериозни заболувања.
Одговорот зависи од имунитетот на организмот.
Како се пренесува ХПВ?
ХПВ инфекцијата најчесто се пренесува преку полов пат Како ко-фактори кои влијаат на прогресијата на инфекцијата се промискуитетот, пушењето, долготрајната употреба на оралните контрацептиви, нарушување на имуниот систем, ХИВ и др. Се смета дека повеќе од 50% од сексуално активното население во текот на својот живот ќе се инфицира со ХПВ.
Колку типови на ХПВ вирусот има и како ја поставуваме дијагнозата?
Постојат околу 150 ХПВ типови на вируси, од кои околу 50 го напаѓаат гениталниот дел кај мажот и жената. Поделени се на
– високо ризични: тие водат до преканцерозни и малигни заболувања
– ниско ризични: тие предизвикуваат CIN 1 ранички и брадавици односно кондиломи
За детекција на ХПВ, ги користиме следниве 4 дијагностички методи кои сами по себе имаат различна моќ:
- Првата метода е земање на брис за цитолошка анализа, ПАП, тој има 50% моќ да дијагностицира присуство на ХПВ.
- Втората метода е колпоскопија или возуелизација на грлото на матката по пребројување.
- Третата метода е ХПВ типизација. Во зависност од лабораторијата и техниката на изведување, има од 80% до 92% вредност. Во повеќето лаборатории се испитува ДНК на ХПВ кои се најчести причинители на ниско и високот ризични лезии.
- Четвртата метода која ја дава дијагнозата е хистопатолошко иследување на земен материјал од оштетеното ткиво. Врз основа на дијагнозата пристапуваме кон третманот
Д-р Миланова, која е терапијата за ХПВ?
Кај нискоризичните лезии предизивикани од високоризичен вирус, нападнатото ткиво го третираме со ласер. Истата терапија – ласерот се применува кај CIN 2 промените на грлото на матката како и сличните промени на вулвата и антигениталната регија. На тој начин спрелуваме поголемо проширување на вирусот во ширина и длабочина кое ќе изискува хируршко лекување.
Ласерот има своја предност во лекувањето на брадавиците, кондиломите во овие регии, бидејќи е безболен и трајно ги отстранува промените. Не останува никаково оштетување, за 3 недели на местото на третираната раничка доаѓа нов епител кој нема ХПВ. Ласерот не го скратува грлото на матката што би се одразило врз подоцнежното изнесување на плод.
CIN 3 I CIS преканцерозните, се лекуваат со оперативен третман.
*Интервјуто е со авторски права, направени за потребите на болницата Неуромедика. Секое неовластено преземање е казниво со закон. Доколку делумно се преземат содржините, задолжително да се наведе изворот со линк од каде е преземен текстот.